Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни – да им се даде поддршка на економиите и да не се предизвикаат нерамнотежи

Објавено

на

Во периодот што претстои, главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни. Од една страна, и натаму ќе треба да се обезбедува поддршка за економиите во закрепнувањето од кризата, но добро насочена и со соодветен обем. Глобалната економска криза од 2008/09 година покажа дека носителите на политиките не треба наеднаш да запираат со мерките за поддршка на економиите во справувањето со шокот, а овојпат тоа е нагласено и заради примарниот, здравствен карактер на кризата. Но, од друга страна, ќе треба да се внимава во одредувањето на карактеристиките на макроекономскиот стимул, за да не се предизвикаат нерамнотежи.

Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето вчерашно излагање на Балканска недела на бизнисот, во организација на Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ и Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

Вниманието одново треба да се насочи кон структурните реформи и трансформациските политики за решавање на длабоките преткризни структурни тесни грла, како и на новите структурни пречки што ќе останат како наследство од пандемијата, коишто и во глобални рамки не се целосно разјаснети во овој момент. Треба да се чекори кон трансформација на традиционалните економии во попаметни, инклузивни и позелени економии.“ – порача Ангеловска-Бежоска.

Во своето излагање, таа се осврна на повеќе клучни прашања за предизвиците со коишто се соочуваат носителите на политиките во економиите од избувнувањето на корона-кризата наваму, како и за предизвиците што се очекуваат, посебно осврнувајќи се на македонската економија.

„Кога е напишан на кинески, зборот „криза“ е составен од два знака. Едниот претставува опасност, а другиот претставува можност. Се надевам дека ја оставивме опасноста зад нас и сега ќе ги искористиме можностите за да ја подобриме благосостојбата на нашите економии.“ – порача гувернерката на крајот на излагањето.

На настанот учествуваа високи претставници на повеќе централни банки од регионот.

НБРМ

Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови

Објавено

на

На 15 јуни 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на Народната банка учествуваше на годишниот состанок на Одборот на ЦЕФ, Љубљана

Објавено

на

Како член на Одборот, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). На состанокот којшто се одржа виртуелно, меѓу другото, беше усвоен Стратегискиот план на ЦЕФ за периодот 2022-2026 година. Со планот се дефинираат клучните предизвици на земјите во регионот во постпандемискиот период и соодветно на тоа, и поддршката којашто ќе ја обезбедува ЦЕФ во овој период заради натамошно јакнење на институциите во регионот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: За да се оствари стабилен економски раст клучни се зголемувањето на продуктивноста, вложувањето во човечкиот капитал, структурните реформи и дигитализација

Објавено

на

Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст. Со цел да се отстранат економските лузни од пандемијата, треба да се зајакне отпорноста на економиите и да се стимулира растот на продуктивноста. Притоа, треба да се продолжи и со решавањето на претпандемиските структурни прашања, но и да се биде во чекор со постпандемичните потреби што се појавуваат, особено во областа на дигитализацијата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно