Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Во глобални рамки, корона-кризата повеќе ги погоди жените, нагласувајќи ја потребата од засилени активности за родова рамноправност

Објавено

на

Корона-кризата во глобални рамки го нагласи уште повеќе прашањето за родовата рамноправност и степенот на вклученост на жените во општеството, бидејќи согласно со расположливите податоци, таа несразмерно повеќе ги погодува жените од мажите. Пандемијата наметна потреба од рестриктивни мерки коишто најмногу ги засегнаа дејностите коишто се засноваат на социјална интеракција, односно услужниот сектор, но и неформалната економија, каде што учеството на жените е поголемо. Со тоа, корона-кризата дополнително ја истакна и потребата од засилување на активностите за овозможување родова рамноправност.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на тема „Ковид-19 и економското влијание врз жените“, на Првата годишна конференцијa на Министерството за надворешни работи – „Жените во надворешната политика“.

Во дискусијата, гувернерката осврнувајќи се на состојбите во регионот на земјите од Западен Балкан, посочи дека според студии на меѓународни институции секоја година економиите на регионот имаат загуба од околу 18% од нивниот БДП, како резултат на родовиот јаз на пазарот на труд, како и дека две третини од изгубениот доход се објаснува токму со ниската вклученост на жените на пазарот на труд.

„Во околности на здравствена криза, особено загрижува натамошното зголемување на неактивноста кај жените. Поголемата вклученост на жените во работната сила носи придобивки не само за жените, туку и за целото општество, при што според повеќе студии се заклучува дека повисоката вклученост на жените може да доведе до БДП повисок за дури 10% во развиените земји и дури 30% во земјите во развој.“ – напомена Ангеловска-Бежоска.

Меѓу другото, таа истакна дека за поголема вклученост на жените се потребни институционални политики коишто ќе овозможат еднаков пристап до образование, здравство, како и поголем пристап до финансии.

„Оттаму, неопходни се активности за олеснување на пристапот до финансии, зголемување на финансиската едукација, особено кај жените со пониски примања, зголемување на дигиталните вештини, создавање посебни фондови за финансиска поддршка на инвестициите на жените.“ – посочи Ангеловска-Бежоска.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваа и претседателката на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и почесна конзулка на Канада, Анета Антова-Пешева, членката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Ќаније Селими, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија и почесна конзулка на Унгарија, Данела Арсовска и Надире Реџепи, од Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ.

НБРМ

Средба со шефицата на Мисијата на ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, за кои се очекува да се намалат во 2022 година

Објавено

на

ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1% во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2% во 2022 година. Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на самитот на „Економист“: Инвестирањето во дигиталната безбедност ќе биде еден од главните приоритети за банките

Објавено

на

Инвестирање во дигиталната безбедност е еден од приоритетите во периодот што претстои за банкарскиот и за финансискиот сектор. Ова се должи на новите навики коишто ги стекнаа потрошувачите за време на пандемијата ‒ сѐ почесто ползување на придобивките од дигиталните финансиски услуги. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панелот „Приоритетите за секторот на финансиски услуги“, во рамките на Самитот на Западен Балкан, којшто се одржува во Скопје во организација на британскиот неделник „Економист“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Брнз: Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка. На средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, се зборуваше за придонесот на монетарните власти во одговорот на кризата предизвикана од ковид-19. Беше посочено дека мерките преземени од Народната банка суштински придонесоа за раздвижување на економската активност, како и за зачувување на финансиската стабилност за време на криза. (more…)

Продолжи со читање



Популарно