Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Ангеловска-Азески: Ќе се воведе даночен календар за попредвидливо бизнис окружување

Објавено

на

Преку даночен календар, фирмите многу порано, шест месеци однапред, ќе ги знаат промените во даночната политика. Ова е исполнување на барањето на Стопанската комора на Македонија (СКМ), кое беше дискутирано денес на работната средба на министерката за финансии Нина Ангеловска со претседателот на Комората Бранко Азески и членките.

Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека како некој кој доаѓа од бизнис секторот ја знае реалната потреба од дијалог помеѓу креаторите на политките и бизнис секторот.

“Знаете дека доаѓам од приватниот сектор и цврсто верувам дека за да креираме политики за подобра бизнис околина, треба да дискутираме за нив со реалниот сектор. Во таа насока, ќе ги разгледаме сите предлози на бизнис секторот. Еден од предлозите кои Стопанската комора го има и за која можам да кажам дека лично имам воља да се залагаме е воведување на даночниот календар. Тоа значи предвидлива околина за бизнисот, стабилност за да може да знаат да ги планираат однапред своите активности, да не може да се прават нагли промени кои ќе влијаат на планирањето на фирмите за догодина. Тоа значи шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис секторот да се подготви за измените и да испланира за следниот период” – рече министерката Нина Ангеловска.

Министерката за финансии Ангеловска истакна и дека посебен фокус ќе се даде  на борбата против сивата економија.

“Еден од приоритетите на Министерството за финансии ќе биде токму адресирање на сивата економија со конкретни мерки и предлози. Само еден мал дел од тие мерки и предлози е мерката МојДДВ.Тука можам да ви најавам дека веќе се работи изминатиот месец интензивно на уредување заедно со Управата за јавни приходи и ќе ви ги најавиме дополнително промените што треба да бидат воведени. Верувам дека ќе бидат задоволни сите граѓани. Кога зборуваме за сива економија и на граѓаните и на бизнисот им е потребно да знаат дека функционира еден праведен даночен систем, каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Фокус ќе биде да се опфатат да се внесат во системот, оние 20-40% субјекти за кои се смета дека се во сива економија. Тоа ќе биде фокус на Министерството за финансии да го адресира преку различни мерки. Сивата економија не е само во пазарот на труд, туку има во електронската трговија, зборуваме за сива економија на нерегистрирана дејност, за еден поширок опфат” – рече Ангеловска.

Претседателот на Стопанската комора Азески рече дека на работната средба ќе се зборува и за иницијативата за сузбивање на сивата економија, за формирање на фискален совет, како и за други барања кои Стопанската комора ги има до Владата. Тој рече дека средбата со министерката за финансии предизвикал голем интерес кај членките на комората и дека преку дијалог треба да се изнајдат заеднички решенија.

Криптовалути

Цукерберг ставен на маки – Ја доби првата тужба за Libra

Објавено

на

Facebook не може да крене глава од проблеми поврзани со амбициозно најавената крипто платформа Libra која никако да се етаблира според замислите. Сега Facebook ја доби првата тужба и тоа за нарушување на авторски права, поточно за копирање на лого.

Тужбата ја покрена Current, компанија која се занимава со мобилно банкарство. Нивното лого е речиси идентично како и на Calibra, компанијата која беше основана од Facebook за да управува со Libra проектот.

Логоата на двете компании се изработени од истата фирма, Character од Сан Франциско. Current тврди дека нивното лого било регистрирано неколку дена пред Facebook да објави дека ќе развива сопствена криптовалута и посебен крипто дигитален паричник за управување со трансакциите.

„Facebook ги има сите пари и ресурси во светот. Ако тие навистина сакаат да го направат банкарството повеќе инклузивно, фер и достапно, тогаш требаше да смислат сопствени идеи и брендинг како што ние направивме“, истакна Стјуар Соп главниот извршен директор на Current.

Исто така Facebook ги изгуби речиси сите значајни партнери во Libra асоцијацијата меѓу кои PayPal, e-Bay, Stripe, MasterCard и Visa кои истакнаа дека повеќе нема да бидат дел од платформата и тоа пред да се одржи првиот состанок на бордот на директори во понеделник.

Продолжи со читање

Останато

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

Објавено

на

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

Објавено

на

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange