Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Ана Настевска: Размислувањето однапред и на долг рок, за нашата иднина, СЕКОГАШ е исплатлива опција

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

Семеен Премиум од Winner Life е производ кој на клиентите им нуди штедна компонента, односно да заштедат средства за зрелите години и да создаваат капитал со чија помош ќе се чувствуваат посигурно и порелаксирано во пензионерските денови. Покрај тоа, за целиот период на осигурувањето, животот на клиентот е осигурен, така што во случај на немил настан, семејството ќе биде обезбедено.

Ана Настевска по професија e дипломиран психолог и магистар по психолошки науки со 5-годишно работно искуство во осигурителниот сектор. Ана е тим менаџер и веќе втора година е дел од успешниот продажен тим на Winner Life во Битола.

Поразговаравме со Ана за придобивките од Семеен Премиум со кој на клиентите им се нуди сопствена заштита и заштита на најблиските, односно сите оние клиенти кои ќе се одлучат за овој продукт ќе имаат можност подготвено, спокојно и без грижи да ги дочекаат убавите пензионерски денови кои доаѓаат.

Банкарство: Животното осигурување како производ е веќе неколку години присутно на македонскиот пазар, но сеуште е релативно нов инструмент, па граѓаните особено повозрасните сеуште немаат слушнато или тие што слушнале немаат доверба во производот. Колку е тешко да се привлече клиент да се одлучи своите пари да ги вложи во полиса за животно осигурување и дали Винер Лајф како компанија е задоволна од уделот кој го има на пазарот за животно осигурување?

Ана Настевска: Точно е дека има различни ставови, искуства, па и предрасуди околу живоното осигурување и според мене, тоа се должи не толку на нискиот стандард на граѓаните, бидејки сумите и производите се прилагодени токму на нашиот стандард, туку на недоволната информираност за бенефициите од овие полиси. Животното осигурување е доброволно, незадолжително
осигурување и тоа дава дополнителна тежина во привлекувањето на клиентите за разлика од задолжителното осигурување. Меѓутоа затоа сме ние тука, за граѓаните да ги добијат сите потребни информации и услуги и да ги осознаат бенефитите од овие продукти. Winner life инвестира многу во своите агенти, тим менаџери и соработници со цел да се зголеми професионалноста и достапноста на услугите.

Во делот за довербата во производите и во осигурнутелните компании воопшто, не би се задржала многу бидејки за тоа си постојат законски регулативи, тука е и Агенција за супервизија на осигурувањето, секој си ја работи својата работа беспрекорно. Јас би рекла, задоволна сум што една силна групација како што е Vienna Insurance Group ни дава можноси и ние тука да ги користиме нивните услуги и тоа со суми прилагодени за наш стандард.

Банкарство: Многу граѓани сеуште сметаат дека животното осигурување е луксуз за побогатите. Но, дали всушност животното осигурување е луксуз или потреба?

Ана Настевска: Размислувањето однапред и на долг рок, за нашата иднина, СЕКОГАШ е исплатлива опција. На тој начин се заштитуваме себе си и нашите најблиски од непредвидливи ситуации.

Потребата за себезаштита и заштита на најблиските, односно потребата за сигурност (безбедност) и потребата за благосостојба (средства за живот, можност за образование, здравствена заштита) се едни од основните човечки потреби. Животното
осигурување го обезбедува токму тоа.

Кога зборуваме за сигурност,зборуваме за финанскиска сигурност која ќе ни биде поткрепа во клучните животни моменти. На некои случувања во животот не можеме да имаме влијание, не е во наша моќ, меѓутоа дефинитивно можеме да влијаеме превентивно ,плански, во ублажување на последиците од одредени настани како и во подобрувањето на квалитетот на животот.

Животното осигурување е специфичен вид на осигурување кое успешно ги комбинира штедењето и осигурувањето. Со одредена годишна заштеда ( сума која може да се прилагоди на можностите на клиентот) на долг рок се обезбедува сигурна иднина за себе и за најблиските. Токму поради тоа, животното осигурување е потреба, не луксуз.

Банкарство: Семеен Премиум е производ кој е лансиран уште од самите почетоци на Винер Лајф на пазарот. И покрај иновативните производи со кои константно се надоградува широката палета на производи кои ги нуди компанијата, Семеен Премиум е еден од најпродаваните производи. Кои се основните карактеристики на овој производ?

Ана Настевска: Сумите се прилагодени согласно стандардот и можностите на клиентите. Идеата е секој да може да си го дозволи.
– Минимална годишна премија е 190 евра ( 16 евра месечно)
– Овој продукт е наменет за секое лице на возраст од 16 до 65 години.
– Времетраењето на осигурувањето може да биде од 3 до 40 години
– Максималниот период на траење на ова осигурување е до навршување на 85 години на клиентот
– Како Договорувач на осигурувањето, освен физички лица, може да се јават и правни лица.

Банкарство: Што добиваат клиентите доколку склучат договор за Семеен премиум животно осигурување?

Ана Настевска: Помирен сон, затоа што нуди:

 

– Финанскиска сигурност (штедна функција) за себе и за најблиските
– Остварување на некој животен сон
– Пензиска заштеда
– Можност за дополнително осигурување од незгоди
– Можност за дополнително осигурување во случај на операции
– Дневен надомест за болничко лекување
– Полиста може да се винкулира во корист на банката
– Можност за промена на времетраењето на осигурувањето
– Вредноста на вашата инвестиција е заштитена со валутна клаузула
– Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот.

Банкарство: Голем дел од граѓаните сметаат дека животното осигурување е посигурна алтернатива на пензискиот систем, кој од година во година создава се поголема дупка во буџетот. Колку животното осигурување може да им го подобри животниот стандард на идните пензионери?

Ана Настевска: Значително многу. Еве да прашаме некој од моменталните пензионери, доколку сега би имале едно купче пари, 15.000 евра – 20.000 евра дополнително од редовната пензија, што тоа би значело за нив, па и за нивните најблиски? Сите ние во нашиот работен век работиме, се трудиме, некогаш се бориме да обезбедиме поквалитетен живот. Но што тогаш кога нема да сме во можност повеќе да го правиме тоа? Кога нашата продуктивност и работоспособност не го дозволуваат тоа темпо на живот? Секој заслужува достоинствена старост. Дали после сите години работа и труд ке си обезбедиме квалитетен живот во трето доба зависи од нас.

Управувањето со личните финансии не значи дека треба да сме екстремно богати или да земаме многу висока плата.

Банкарство: За староста е потребно да се размислува на време е мотото на Семеен Премиум. Што е она што го издвојува овој производ од конкуренцијата?

Ана Настевска: Било кој производ со животно осигурување е подобар од тоа да немаме никаков. На пазарот има доста квалитетни производи. Производите за осигурување на живот што Winner Life како компанија ги нуди на пазарот се разновидни и наменети за различни целни групи на клиенти,зависно од тоа кои се нивните мотиви и потреби. Семеен Премиум е производ кој е лансиран уште од самите почетоци на Винер Лајф на пазарот. Она што го издвојува овој продукт е :
– Големата флексибилност во однос на времетраењето на договорот за осигурување. Од една страна нуди можност за пократко времетраење на договорот: 3години, 5 години и тн. За разлика од сите други продукти на нашиот пазар во кои што времетраењето на договорот е од минимум 10 години па нагоре. Од друга страна дава можност и за најдолгорочен договор, односно максималниот период на трање на ова осигурување е до навршени 85 години на клинтот, што овозможува и повозрасните клиенти да си го дозволат.
– Постои можност за промена на времетраењето на осигурувањето
– Нуди значително повисоки покритија во дополнителното осигурување од незгода.

Банкарство: Со оглед дека живееме во динамично општество каде што иновациите се составен дел на секојдневното живеење, Винер Лајф како и секоја успешна компанија го истражува пазарот, ги следи потребите на клиентите и редовно лансира нови производи со кои ќе се задоволат нивните желби и барања. Дали во иднина Семеен Премиум и останатите производи за класично животно осигурување ќе бидат сеуште актуелни или клиентите се повеќе ќе бараат и ќе се насочуваат кон иновативните Unit Linked производи?

Ана Настевска: Би рекла дека тоа е индивидуална одлука на секој.

Unit Linked производите се доста актуелни и квалитетни производи. Меѓутоа, колку луѓе, толку различни потреби, желби, мотиви и размислувања.

Наша обврска како финансиски советници е да ги идентификуваме потребите и прашањата кои се важни за клиентите и свесно и одговорно да им пристапиме кон тие, за нив важни теми и да им го понудиме она што им е навистина најпотребно.

Имаме продукти за сечиј интерес. Добро е тоа што клиентите имаат можност за избор.

Интервјуа

Ангеловска: Долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето, тоа го менуваме со буџетот за 2020

Објавено

на

Предлог буџетот за 2020 година, кој Владата го усвои неделава е тема на разговорот со министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа во интервјуто за МИА посочува на инвестициите во човечкиот капитал кои имаат централно место во Предлог-буџетот за 2020 година. Наведувајќи податоци за индексот на човечкиот капитал во земјава во однос на развиените земји и земјите од регионот вели дека порано долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју АЛЕКСАНДАР ИЉОВ: Користете ја апликацијата HalkEco и придонесете за ново засадено дрво и намалена емисија на CO2

Објавено

на

Халкбанк како ЕКО ориентирана компанија која низ годините на своето постоење применува бројни ЕКО политики. Во последните 8 години Банката има финансирано повеќе од 6.000 вакви проекти во износ од 36,6 милиони евра. Досега, намалената емисија на јаглероден диоксид е за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија. Последен ЕКО проект кој неодамна беше промовиран е мобилната апликација HalkEko којашто претставува  иновативно решение со кое, доколку се користи, значително може да придонесе за зачувување на животната средина. Со апликацијата се стимулирани пешачењето, трчањето, возењето велосипед или тротинет, особено во периоди од денот кога има најголем сообраќај. За секои поминати 80 километри, Халкбанк презема обврска да засади едно дрво. Првата акција за садење на 152 дрвја веќе беше организирана, а така ќе продолжи и во иднина. За апликацијата, нејзините цели и ефекти зборуваме со Александар Иљов, директор на секторот за маркетинг во Халкбанк.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со членовите на Управниот одбор на Винер Лајф: Пазарот на животно осигурување продолжува со трендот на двоцифрен раст

Објавено

на

Денес, 1ви ноември се одбележува Денот на осигурувањето како долгогодишна традиција која е исполнета со бројни активности за зголемување на свесноста за важноста на осигурувањето. Овој ден треба да ги извади на површина сите најнови и најатрактивни продукти на осигурителните компании, со цел клиентите да бидат подобро информирани и запознаени како да ги задоволат своите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange