Форекс
Аналитичарите проценуваат дека една унца злато ќе достигне вредност од 4.000 долари до крајот на годината


Цената на златото изминативе денови се искачи на рекордно ниво коешто не е забележано уште од септември 2011 година, бидејќи инвеститорите се насочуваат кон безбедни инвестиции поради високиот степен на глобална неизвесност, а златото секогаш се смета за најсигурна и најбезбедна инвестиција.
Цената за една унца злато го надмина прагот од 2.000 американски долари за прв пат во својата историја, а може да продолжи да расте и да ја зголемува својата вредност предвидуваат аналитичарите.
„Многу лесно, цената на златото може да достигне 4.000 американски долари“, вели Френк Холмс, извршен директор на инвестициската компанија „Американски глобални инвеститори“, пренесува „CNBC“.
Тој посочува дека милијарди долари се испумпуваат во финансиски текови со цел да ја поддржат американската економија за време на пандемијата и додава дека министрите за финансии на Г-20 и централната банка „работат заедно како картел и сите печатат илјадници милијарди долари“.
„Никогаш порано не сме виделе централните банки да печатат толку многу пари на нула каматна стапка. Со нулта каматни стапки, златото станува многу, многу атрактивно средство од прва класа“, истакнува Холмс.
Јунг-ју Ма, главен стратег за инвестиции во компанијата за управување со богатството „BMO Wealth Management”, се согласува дека има голем број фактори кои го поддржуваат натамошниот раст на златото, но предупредува дека два големи настани во блиска иднина би можеле да ја променат сегашната насока на цените на жолтите метали.
„Ние сме внимателни и претпазливо со проценката на идните ефекти на овие тековни фактори, особено кога знаеме дека се соочуваме со два големи настани кои можат да ја променат сегашната траекторија. Едниот фактор е, секако, развој на вакцина против коронавирусот, а другиот фактор се изборите во САД“, рече Јунг-Ју за „CNBC“. „Сметаме дека особено вакцината има потенцијал да ги промени некои од овие позитивни фактори што сега работат во корист на златото“, додаде тој.
Аналитичарите го делат ставот дека, во зависност од исходот од изборите во САД, цените на златото, исто така, може да реагираат позитивно или негативно.
По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, цените на златото се зголемија за скоро пет проценти.
Форекс
Македонската берза догорочно ги суспендира од котација акциите на издавачот Идевелоп АД Скопје


Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка. (more…)
Форекс
Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!


Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. (more…)
Форекс
Руската рубља е најпотценета валута во светот!?


Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!