Connect with us

Криптовалути

Аналитичарите предвидуваат црно сценарио за криптовалутите – Ќе биде се полошо и полошо!

Објавено

на

За време на неговото неодамнешно интервју со „Stansberry Research“, Клем Чемберс, извршен директор на финансиската мрежа „ADVFN”, предвиде дека Биткоинот може да се сруши под 10.000 американски долари.

Чемберс објаснува дека најпознатата криптовалута постојано ја повторува истата шема заснована на нејзиниот настан за четиригодишно преполовување.

„Се крева како ракета, а потоа паѓа како карпа… Истиот циклус е. Истата публика е тоа е истиот двигател и затоа е истата шема”, објаснува Чемберс.

Тој додава дека Биткоинот може да се симне дури до 7.000 американски долари за време на фазата на капитулација, но водечката монета нема да остане на овие нивоа подолго време.

Чејмберс вели дека биткоин-зимата е веќе тука, но тој смета дека тоа е можност да се соберат повеќе парички. Тој вели дека оној што купил на 60.000 американски долари ќе мора да чека „долго“ за да си ги врати парите.

Говорејќи за Илон Маск и Кина, аналитичарот ги отфла како битни за крипто пазарот бидејќи е убеден дека пазарот се движи од технички причини.

„За жал луѓето сакаат падот да го „залепат” на некоja влијателна личност и сметаат дека секој драстичен пад е поткрепен од одреден вид катализатор”, вели Чемберс.

Додека предвидувањето на Чемберс може да изгледа екстремно, тој се чини дека е на истата страна со глобалниот Главен извршен директор за инвестиции на „Guggenheim”, Скот Минерд, кој неодамна предвиде дека 10.000 американски долари ќе бидат „вистинското дно“ на Биткоинот.

Биткоинот во моментов се тргува по цена од 35.430 американски долари, бележејќи го најлошиот квартал од крајот на 2018 година.

Криптовалути

PayPal стартува со купопродажба на криптовалути во Велика Британија

Објавено

на

„PayPal Holdings Inc” (PYPL.O) ќе им овозможи на клиентите во Велика Британија да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други криптовалути почнувајќи од оваа недела, соопшти компанијата, пренесува „Reuters”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Објавено

на

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе „CoinDesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата фудбалската суперѕвезда Лионел Меси, дел од парите од ПСЖ ќе ги добива во криптовалути!?

Објавено

на

По долго време заврши трансфер сагата на најголемата фудбалска суперзвезда Лионел Меси, кој и покрај желбата да остане во својот омилен клуб Барселона, на крајот беше речиси приморан да ги промени клупските бои и да се пресели во Париз Сен Жермен. (more…)

Продолжи со читање



Популарно