Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

АНАЛИЗА: Штедењето стабилно – во банките на книшки има вкупно 5,8 милијарди евра

Објавено

на

Со просечни стапки на раст на депозитите од осум отсто годишно, штедењето во земјава достигна 55% од Бруто домашниот производ. Според последните податоци, во банките и штедилниците вкупната депозитна база изнесува 5,8 милијарди евра. Она што охрабрува и ја потврдува довербата во домашната валута е порастот на денарското штедење, смета гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска.

Особено позитивен е посилниот раст на депозитите во домашна валута и забрзувањето на растот на штедењето на долг рок, што го јакне капацитетот на банките за долгорочни пласмани и поддршка на инвестициски проекти. Но, и покрај позитивните трендови, видлива е потребата за натамошно зголемување на вкупното домашното штедење, што е впрочем заедничка карактеристика на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа” – изјави гувернерката.

Вкупни депозити во банки и штедилници :

  • 2014 година          4,6 милијарди евра
  • 2015 година          4,9 милијарди евра
  • 2016 година          5,2 милијарди евра
  • 2017 година          5,5 милијарди евра
  • 2018 година          5,8 милијарди евра

Во изминатите години полека се менуваше и валутната структура на депозитите со што сега доминација има денарското штедење. Така,  59,4% од вкупните штедни влогови се во домашна валута, додека останатите 40,6% отпаѓаат на девизно штедење. 

“Во линија со подобрите досегашни остварувања,а при оценки за стабилен амбиент и засилена економска активност, се врши нагорна ревизија на депозитниот раст кој се очекува да  изнесува10,2 % и 7,7%, соодветно за 2018 и 2019 година (во априлската проекција околу 6,5%),со умерено засилување на растот во наредниот период од 8,6%, во просек, за 2020-2021година” – пишува во новите ревидурани проекции на Народната банка.  Неизвесноста поради политичката состојба, особено поврзана со евроатланските интеграции, во зимнатиот период беше забележана инвестициска воздржаност, која се рефлектираше преку забавена побарувачка на инвестициски кредити од страна на домашните компании.

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како функционира и што нуди новата алатка Отворени финансии?

Објавено

на

Министерството за финансии со новата дигитална алатка “Отворени финансии” на увид на јавноста ги стави сите трансфери од буџетот на државата, како по извршените трансакции кон корисниците на буџетските сметки односно државните институции, така и кон економските оператори од приватниот и јавниот сектор за набавените стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Зголемувањето на минималната плата и пензиите може да има негативни последици

Објавено

на

По спроведената мисија со цел консултации за подготовка на Членот IV, Меѓународниот Монетарен Фонд ги оцени економските реформи во Северна Македонија со солиден потенцијал за справување со долгорочните предизвици. И покрај релативно позитивната оценка на економскиот раст, потезите во социјалната, даночната и пензиската сфера, заклучоците укажуваат на неколку економски и социјални политики, кои подолго време се дискутираат во македонската експертска јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange