Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата.

Согласно податоците објавени на страницата на Националното Биро за осигурување за период од 01.01.2022 до 31.03.2022 година, најголем раст и во релативен, но и во апсолутен износ оствари најмладата компанија на пазарот, Триглав Осигурување Живот АД Скопје со раст на премијата од неверојатни 145% со остварени 83
милиони денари. Значајно за потенцирање е дека апсолутниот раст на оваа компанија од 49,5 милиони денари во вкупниот раст на пазарот учествува со високи 63% што ни дава за право да заклучиме дека токму Триглав е
иницијаторот на ваквиот двоцифрен раст на вкупниот пазар.

Во ново склучените полиси на пазарот за животно осигурување, 60% се издадени од Триглав Осигурување Живот АД Скопје што е уште еден показател дека првиот квартал од 2022 година беше целосно во нивна доминација.

Податоците за пазарното учество укажуваат дека компанијата двојно го зголемила уделот на пазарот со високи 16,93% споредбено со 8,24% истиот период минатата година со што компанијата ја помести и својата пазарна позиција. Останатите учесници на пазарот за животно осигурување забележуваат пад во нивниот пазарен удел, споредбено со истиот период минатата година.

Винер Лајф забележува раст од 17% во првиот квартал, со што го задржува третото место според пазарното учество. Оваа компанија има стабилен раст низ годините.

Трета по остварен раст е Кроациа Осигурување Живот, која иако губи дел од својот удел на пазарот, забележува раст на премијата од 12% и се уште ја држи лидерската позиција на пазарот за животно осигурување. Кроациа Осигурување Живот има 31,51% пазарно учество и бележи намалување од 1,81% во споредба со истиот период од претходната година.

Уника Лајф забележува раст на премијата од 6,4%, но бележи намалување на пазарното учество за 1,35%, кое сега изнесува 11,25%.

Граве осигурување на живот забележува незначителен пад на премијата, но сепак го задржува второто место по пазарен удел. Иако се втори по пазарното учество, истото бележи висок пад од 5,08% во споредба со првиот квартал на 2021 година. Уника Лајф и Граве осигурување на живот уживаат широка прифатеност меѓу македонските граѓани, како дел од силни интернационални групации на осигурување.

Според податоците, може да заклучиме дека наведените показатели укажуваат на позитивни промени и трендови на пазарот на животно осигурување со што полека, но сигурно ова осигурување станува еден од најсигурните и најатрактивните начини за инвестирање во сигурна и безбедна финансиска иднина на граѓаните.

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно