Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Рецесијата „тропа на врата“ – дали ќе влезе во економијата?

Објавено

на

Меѓународните експерти и финансиски институции го влучија алармот – 2020 та ќе биде година на економско преживување а со рецесија ќе се соочат и развиените економии. Во очекување на мартовските податоци за состојбата со буџетската каса – кај нас е јасно дека привите симптоми на Ковид 19 Буџетот ќе ги има веќе во март, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Владата тврди дека се разработени три сценарија со кои ќе се “спасува” економијата, опозицијата обвинува дека мерките се конфузни и недоречени. Економистите велат дека сегашните буџетски позиции се недржливи и потребен е итен ребаланс.

Рецисијата ќе биде незибежна или можна е “победа”…

Од 2000 та година досега, македонската економија во неколку наврати се соочи со рецесија, конкретно во 2001 падот на БДП беше 3,1 %, во 2009 та на ниво од -0,4% и во 2012 та изнесуваше -0,5% и оттогаш економијата с еодржа во позитивна зона. Анализите на водечките меѓународни институции покажуваат дека за дел европските економиии неминовно ќе се соочат со рецесија.

Така анализата за економските последици од коронавирусот што ја направи Виенскиот институт за економија покажува дека рецесијата им се заканува на сите земји од централна, јужна и источна Европа, но економиите кои не се презадолжени и имаат простор за заеми со кои ќе ублажат ударот ќе добијат и шанса да го избегнат кризното цунами.

“Земјите со поголем фискален простор за стимулирање на своите економии и ефикасен здравствен систем ќе бидат во состојба подобро да го совладаат неизбежниот економски пад” – се наведува меѓудругото во анализата.

Дел од експертите во земјава оценуваат дека нашата економија ќе се соочи со пад, а колку тој ќе биде – ќе зависи од мерките што ги презема Владата.

“Во услови на криза во светски рамки, предизвикана од коронавирусот, економската состојба не само што не може даа биде добра туку уште помалку ветува некаква надеж за економски раст и развој. Негативните импликции од кризата најпрвин ќе се манифестираат врз намалување на стапката на економски раст, а тоа значи намалување на понудата на стоки и услуги од домашно потекло, зголемување на увозот, пред се на стоки за широка потрошувачка, намалување на нарачките на странските партнери, намалување на странските инвестиции, намалување на износот на дознаките од нашите иселеници, а сето ова пак  негативно ќе влије врз состојбата на тековната и финансиската сметка. Доколку ваквата состојба трае подолго, веројатно ќе се соочиме со состојба на рецесија, со дефицит во платниот биланс (кој  ќе мора да се покрие со дополнително задолжување или со топење на дезивните резерви)” – вели за “Порталб” професорот Семи Бислими.

Имаме ли вистинско сценарио за борба со економската криза…

Она што досега се оценува како позитивно и имуно на економската криза која тропа на врата е стабилноста на курсот на денарот, сметаат економистите. Спорде податоците од НБМ во моментов девизните резерви се на ниво повиоко од 3 милијарди евра – далеку повисок износ од оној во кризната 2008 та година. Но, останува клучното прашање – како државата ќе ги сервисира своите обврски во услови на очекуван пад на приходите. Универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски смета дека ребаланост на Буџетот е неопходен за да се утврдат вистинската состојба и да се прецизираат парите кои ќе се пренаменуваат и кратат.

“Состојбата во монетарниот и банкарскиот сектор во Македонија традиционално е добар заради долг времменски континуитет на спроведување на конзервативни политики што се еден од столбовите на нашата макроекономска стабилност. Стапката на инфлација е ниска и прифатлива, курсот на денарот е стабилен и поткрепен со ниво на девизните резерви што се високи и над ниво на проектираниот четиримесечен увоз на земјата, Меѓу другото, убеден сум дека за ова е потребен многу брз ребаланс на буџетот за 2020 година.  На сите ни е јасно дека движењето на економијата ќе е многи слично со она на епидемијата, но обратнопропорционално, односно колку повеќе расте епидемијата, толку побрзо економските активности ќе се намалуваат и обратно. Затоа ние, но и целиот свет, сега имаме само една важна задача, да ја насочиме економијата во борба со епидемијата и да ја оспособиме да е во насока на јавниот интерес. Тоа може да има и своја висока цена во ликот на можна подлабока рецесија и раст на и онака високата невработеност во земјава, но тоа сега е второстепена цел во однос на првостепената – победување на епидемијата и пандемијата што се чинат дека ќе бидат многу отпорни. Во таа цел Владата има решавачка улога” – вели професорот Поповски.

Иста цел , различен концепт – власта и опозицијата на спротиставени страни…

Државата се подготвува за најлошото а се преземаат чекори да се случи најдоброт, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

“Имаме три основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај првото сценарио – поволното, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање. Кај второто сценарио – неповолното, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра” – оцени министерката за финансии Нина Ангеловска.

Владата во неколку наврати објави мерки со кои се таргетира приватниот сектор заедно со граѓаните кои ќе останат без работа во овој кризаен период. Според опозицијата досега објавените пакети се конфузни и недоречени.

“Јасно е веќе на сите дека мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост. Да потсестам дека уште на почетокот на март, ние ѝ препорачувавме на Владата под итно да подготви план за справување со надоаѓачката рецесија. Освен за вработените во јавниот сектор, барем на почетокот од обидите за справување со кризата, не постои граѓанин или претпријатие во Македонија на кои им е јасно дали, кога и накој начин ќе бидат потпомогнати со некои од мерките што ги предлага Владата. Навистина е нејасно, како после толку изминато време, Владата си дозволи да предложи мерки кои се недоречени и конфузни, на пример околу опфтеноста на субјектите, со изговор дека истите ќе бидат дообјаснети во уредбите со сила на закон што треба да уследат” – смета универзитетскиот професор Трајко Славески, член на ИК на Вмро-Дпмне.

Првите буџетски симптоми на коронавирус треба да се појават во април – на почетокот од вториот економски  кавртал во кој се влегува со вонредна состојба во која  под клуч беа ставени првите сектори – туризмот и угостителството а на принден одмор веќе се испратени и работници од дел од поголемите капацитети.

Извор: portalb.mk

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно