Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Плата v.s Трошоци – за основна живеачка потребни се 554,5 евра месечно!

Објавено

на

Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува “Порталб”. Според податоците пак од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на “минималната синдикална кошница” се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава во споредба со истиот месец лани.

Раст на трошоците за речиси сите основни потреби…

За исти месечни потреби – плаќање на сметки за комуналии, домување, храна, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани биле потребни дополнителни 12 евра. Во јуни 2020 та вредноста на “минималната синдикална кошница” изнесувала 543 евра, а годинава истиот месец скоро 555 евра.

Минимална синдикална кошница

Јуни 2021 година 555 евра

Јуни 2020 година 543 евра

Јуни 2019 година 530 евра

Јуни 2018 година 529 евра

Ова значи дека трошоците за живот растат, односно дека за да се подмират истите обврски сега се потребни повеќе пари. Компаративните податоци покажуваат дека годинава во споредба со лани зголемени се трошоиците речиси за сите основи потреби – за исхрана, пијалаци, за домување, хигиена, превоз, облека , одржување на здравје.

За да се “истуркал” јуни биле потребни 555 евра – најголем дел од овие пари или 74% завршуваат за основните потреби – храна и сметки.

Минимална синдикална кошница

Храна и пијалаци 42,52%

Домување 31,57%

Хигиена 6,95%

Превоз 7,33%

Облека и обувки 6,36%

Култура 3,12%

Одржување на здравје 2,14%

Освен ССМ, раст на трошоците на живот веќе регистрираше и државаната статистика. Во јуни годинава во споредба со јуни лани трошоците на живот се зголемени за 2,7%, а цените на мало за 4%. Најголем раст на трошоците на живот има кај маслата и мастите за 30,8%, алкохолни пијалаци и тутун за 4%, а значаен раст од 4,3% е регистриран и кај трошците за домување, вода, струја, горива.

Трошоци на живот јуни 21/20

Масла и масти 30,8%

Течни горива 55,4%

Транспорт 9,3%

Ресторани, хотели 6,3%

Здравствена заштита 3,0%

Растат тршоците на живот, но статистиката вели дека расте и просечната нето плата во државата. Во мај годинава таа изнесувала 28 721 денари или 465,5 евра – со раст за 8,8% во споредба со мај лани. Економистите велат дека овој раст на просечната нето плата што се регистрира изминатиот период не може да се објасни само со реален пораст на платата туку и како резултат на намалување на бројот на вработени со ниски примања.

“Од лани ние се соочувааме со зголемување на бројот на граѓани кои останаа без работа, односно без месечни примања поради пандемијата. Сите овие лица излегоа од статистиката на вработени заедно со нивните плати кои главно се на ниско ниво – односно плати кои се исплаќаат во ниско платени дејности. Главно поради ова просечната нето плата е во пораст” – коментирааат економистите.

Интересно е дека раст на просечената месечна плата има во трудоинтензивните дејности во кои се доминира минималната плата. Па така на пример за 13,1 % во мај се зголемила платата во преработувачката индустрија, за 6,8% во земјоделството, за 8,5% во рударството, а за 12,8% во трговијата. Најголем раст од 29% има кај просечната нето плата во дејностите уметност, забава и рекреација. Иако платата е во пораст – таа не е доволна за да се задоволат основните животни потреби за кои според ССМ се потребни оние 555 евра месечно. Дури 50% од просечната плата се трошат за храна, а скоро 40% за домување – односно сметки за струја , вода и други комуналии. Просечната минимална плата е “пониска ” за 20% во однос на “минималната синдикална кошница” која ги опфаќа трошоците за основните животни потреби.

Анализи

„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

Објавено

на

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!

Објавено

на

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите. (more…)

Продолжи со читање


Популарно