Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!

Објавено

на

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите.

Камати на депозити – во банките лежат 7,49 милијарди евра штедни влогови…

Просечната каматна стапка на депозитите во јануари 2022 година изнесуваше 0,71%. Оваа камата е најниска што е измерена на месечно ниво од јануари 2021-та. Каматите за штедење изминатите години бележат континуиран пад – особено за новопримените депозити на фирмите. Намалување на каматите има и за депозитите на граѓаните.

Просечна камата за вкупни депозити

Депозити на корпоративен сектор – 0,88%

Депозити на домаќинства – 0,70%

Во јануари вкупните депозити во банките изнесувале 7,49 милијарди евра додека во првиот месец од годинава биле на ниво од 7,53 милијарди евра. Во јануари и во февруари, на месечно ниво, регистрирано е намалување на депозитната база, односно намалување на шедењето.

Вкупни депозити на недржавен сектор

Јануари 2022 година – 7.531.442.463 евра

Февруари 2022 година – 7.499.870.340 евра

Конкретно во февруари депозитите на месечно ниво се намалиле за 0,4% додека во јануари за 0,8% пришто позначаен пад има на депозитите на корпоративниот сектор.

Вкупни депозити

Депозити на корпоративен сектор 2.107.228.525 евра

Депозити на домаќинства 4.970.580 евра

Само кај депозитите на корпоративниот сектор во јануари е регистриран пад од 3,1% а во февруари за 2,5%. Според анализите од Народната банка намалуавњето на депозитите се оценува како очекувано за првиот месец од годината.

“Вкупните депозити во финансискиот систем во јануари 2022 година остварија месечен пад од 0,8%, наспроти растот од 2,5% во претходниот месец, што е вообичаено движење за овој период. Од секторски аспект, промената е резултат на намалувањето на депозитите на претпријатијата, при речиси непроменета состојба на депозитите на домаќинствата” – соопштија од Народната банка.

Сепак трендот на намалување на депозитината база продолжи и во вториот месец од годинава а падот кај корпоративниот сектор е последица на намалување на депозитните пари, состојба која е очекувана во услови на прелеана економска криза во која компаниите трошат од депозитите за одржување на работата, односно ликвидноста. Сепак на годишно ниво кај вкупните депозити во февруари регистриран е раст од 6,1%.

Камати на кредити – раст на кредитирањето…

Во февруари граѓаните и фирмите по основ на кредити во банките должеле 6,3 милијарди евра. За разлика од јануари кога на месечно ниво има стагнација на кредитирањето, во февруари е регистриран пораст од 0,9%. На годишно ниво кредитирањето во февруари е со стапка на раст од 8,9%

Кредити февруари 2022 година

Вкупни кредити 6.325.267.423 евра

Кредити на корпоративен сектор 3.031.085.899 евра

Кредити на домаќинства 3.263.111.831 евра

Додека каматите за штедење не можат да надминат 1% – просечната камата за кредити изнесува 4,35%.

“Во јануари 2022 година, каматните стапки на вкупните кредити на домаќинствата и на претпријатијата не забележаа промени во однос на претходниот месец и изнесуваа 5,2% и 3,5%, соодветно. Каматните стапки на новоодобрените кредити на претпријатијата и на домаќинствата се зголемија во однос на претходниот месец и изнесуваа 3,5% и 4,4%, соодветно” – велат од Народна банка.

Просечна камата на кредити (февруари 2022)

Кредити на корпоративен сектор 3,45%

Кредити на домаќинства 5,16%

Иако и сегашните камати за кредитирање се сметаат за ниски, граѓаните и фирмите внимателно се задолжувале во првите два месеци од годинава.

“Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити како најзастапена категорија се зголемија за 0,5% на месечна основа, при годишен раст од 7,2%. Станбените кредити во февруари бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 15,5%, соодветно. Кај автомобилските кредити, во февруари, е остварено месечно и годишно намалување од 2,3% и 15,6%” – велат од Народната банка.

Кредити на граѓаните (февруари 2022)

Потрошувачки кредити 1,7 милијарди евра

Станбени кредити 1,1 милијарда евра

Кредитни картички 163 милиони евра

Граѓаните внимателни и со задолжувања преку кредитни картички и негативни салда на теквни сметки – на годишно и на месечно ниво кредитите одобрени на кредитни картички се со пад 0,9% на месечно и и 5,7% на годишно ниво. Според последните оценки на банкарите тие очекуваа зголемена кредитна активност во првото тромесечје од годинава кое веќе заврши. Иако оваа година се очекуваше зголемување на економската активност – прогнозите сега се засенети од воената состојба во Украина, присутната енергетска криза и инфлациските движења.

Анализи

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Објавено

на

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно