Connect with us

Останато

Анализа на „Microsoft” и „LinkedIn”: 41 процент од вработените сакаат кариерна промена

Објавено

на

Четириесет и еден отсто од работната сила размислува за драстична промена во кариерата следната година. Податоците се од најновиот извештај на „Microsoft”, Работниот тренд на индексот на „Microsoft”, студија која цитира информации од 30.000 вработени ширум светот преку „Microsoft 365“ и „LinkedIn”.

Во последните 18 месеци, многу луѓе се бореа со стресот што ја придружува глобалната пандемија – се грижат за здравјето на најблиските, се обидуваат да ја балансираат работата со училиште-од-дома и грижата за децата, имаат чувство на изолација и осаменост.

„Денес, нашето истражување покажува дека 41 процент од глобалната работна сила веројатно ќе размисли да го напушти сегашниот работодавач во текот на следната година, со 46 проценти да планираат да направат  транзиција во кариерата“, пишува во извештајот.

Работата е исто така предизвик

Повеќе од половина од вработените (54 проценти) рекле дека се чувствуваат преоптоварени. Виртуелните состаноци, е-пошта и пораките драматично се зголемија откако работата од далечина и хибридните методи станаа нова норма.

Сепак, менаџерите и носителите на одлуки се справиле многу подобро – 61 проценти од лидерите и високите извршни директори велат дека успеваат – 23 проценти повеќе од луѓето кои не се овластени да донесуваат одлуки. Истражувањата покажуваат дека ова веројатно се должи на низа фактори, како што е фактот дека вработените на високи позиции имаат поголема мрежа на професионална поддршка и можност да земат повеќе одмор.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно