Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА на целосната понуда на станбени кредити: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Согласно препораките од Министерството за Здравство во оглед на настнатата ситуација со коронавирусот, Банкарство.мк со цел грижа за здравјето на граѓаните започна со споредби на целокупната понуда во банкарскиот сектор.

Во текот на денешниот ден ја анализираме понудата на станбени кредити во вкупно 14 банки од земјава.

Секоја банка нуди свои карактеристичен производ, притоа колку повеќе банки се присутни на пазарот, толку поразлична е понудата за станбени кредити. Секоја банка се обидува да понуди некоја поволност за сопствениот производ.

Она што е навистина корисно во изборот на најповолниот станбен кредит e да се внимава на каматната стапка, да се земат предвид поволностите кои ги нуди банката во која примате плата и истражете кои од банките нудат и друг вид олеснувања (без административни трошоци и трошоци за одобрување, промотивен период за плаќање на нотарски трошоци од страна на банката, дали градежната компанија која го продава станот има склучено договор со некоја банка, итн).

Во моментов, од аспект на каматната стапка, најповолен станбен кредит нуди Халкбанк, кои се состои од 3,2% фиксна годишна каматна стапка за првите 10 години, потоа 5,2% + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот.

Трошоци: 200 мкд – проверка во Македонско Кредитно Биро, 150 мкд – апликација за кредит и Меничен бланкет. Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.

Понудата се однесува единствено за приматели на плата на сметка во Халкбанк АД Скопје.

Во продолжение ви ја презентираме целосната понуда на станбени кредити од страна на сите 14 банки во Македонија.

Комерцијална банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот: 5,20% (Едномесечен ЕУРИБОР + 5,2%, но не помалку од 5,2%).

Максимален износ на кредит: не е наведено, последната рата треба да биде исплатена пред клиентот да наполни 70 години.

Максимален рок на отплата: до 18 години за купување, изградба или реконструкција на деловен простор, односно до 30 години за сите останати намени. При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години.

Трошоци за кредитот: 4.000,00 денари надомест за одобрување и администрирање на кредит, 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот, трошоци за интеркаларна камата, надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот, нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог и трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици.

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

Можност за грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува и наплатува само интеркаларна камата.

Халкбанк АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,20% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,20% плус променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот.

Максимален износ на кредит: 200.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 18 години за купување, изградба или реконструкција на деловен простор, односно до 30 години за сите останати намени. При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години.

Трошоци за кредитот: 200,00 денари за проверка во Македонско Кредитно Биро, 150,00 денари за апликација за кредит,  Полиса за животно осигурување во зависност од тарифата на Кроација Осигурување – Живот АД Скопје, меничен бланкет и трошоци за воспоставување хипотека на Нотар.

Без трошоци за проценка и Без провизија за обработка на кредитот.

Трошок за предвремена отплата на кредитот, 3% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Можност за грејс период од 12 месеци.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,30% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,20% (врзана за 6м. Еурибор).

Максимален износ на кредит: 400.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 30 години. При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години.

Трошоци за кредитот: 300,00 денари за проверка во Македонско Кредитно Биро, 1.100,00 денари за апликација за кредит,  2.000,00 денари провизија за одобрување на кредитот и трошоци за воспоставување хипотека на Нотар.

Без трошоци за проценка во првата година.

Трошок за предвремена отплата на кредитот, 4% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

НЛБ Банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,50% (врзана за 6м. Еурибор).

Максимален износ на кредит: 200.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 35 години.

Трошоци за кредитот: 700,00 денари за апликација за кредит, без провизија за одобрување на кредитот, 1.000,00 денари годишно за полиса од незгоди, меница од 500,00 денари и трошоци за воспоставување хипотека на Нотар.

Без трошоци за проценка во првата година.

Трошок за предвремена отплата на кредитот, 3% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Можност за грејс период од 12 месеци.

Стопанска банка АД – Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 6,17% (за приматели на плата во Стопанска банка).

Максимален износ на кредит: 200.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 30 години.

Трошоци за кредитот: 600,00 денари за апликативни трошоци, 300,00 денари за генерирање на Имотен Лист, Административни трошоци, Трошоци за проценка за имотот понуден како обезбедување, Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека и Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар.

Промотивно, сите клиенти кои ќе аплицираат во периодот до 30.06.2020 добиваат 100% ослободување од административни трошоци, 100% ослободување од трошоци за процена и 100% ослободување од нотарските трошоци за воспоставувавање на заложно право и упис на заложното право во Агенција за Катастар на недвижности.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 3% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Охридска банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,80% (маржа + 6 месечен ЕУРИБОР).

Максимален износ на кредит: 200.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 30 години.

Трошоци за кредитот: Стандарден административен трошок – од 1% до 1,50 % од износот на кредитот во зависност од клиентската група, трошок за апликација – 600 денари, трошок за меница – од 100 до 500 денари, трошок за процена – 2.500 денари.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 5% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Можност за грејс период од 12 месеци за изградба, во спротивно грејс периодот изнесува 6 месеци.

ТТК банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,45% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,50% (6м ЕУРИБОР + 5,50 процентни поени).

Максимален износ на кредит: 300.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 25 години.

Сопствено учество: 10%.

Трошоци за кредитот: Без надоместок за одобрување на кредитот во промотивен период до 30.6.2020 година, без надоместок за администрирање на кредитот, без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства и без надоместок за процена.

Трошок за Полиса за ризико животно осигурување која ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка.

Предвремена отплата: нема податок.

ПроКредит Банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 10 години во висина од 3,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,50% (6м ЕУРИБОР + 5,20 процентни поени, минимум 5,50%).

Максимален износ на кредит: нема податок.

Максимален рок на отплата: до 12 години.

Сопствено учество: 20%.

Трошоци за кредитот: 0% провизија при исплата на кредитот.

Предвремена отплата: нема податок.

УНИБанка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 7 години во висина од 3,15% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,15% (едномесечен ЕУРИБОР + 5,57 процентни поени).

Максимален износ на кредит: нема податок.

Максимален рок на отплата: до 30 години.

Сопствено учество: 25%.

Трошоци за кредитот: Без трошоци за разгледување на кредитното барање и без надомест за одобрување. Трошок за полиса за ризико животно осигурување.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 5% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Можност за грејс период од 12 месеци.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 5 години во висина од 3,00% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,40% (едномесечен ЕУРИБОР + 5,57 процентни поени).

Максимален износ на кредит: 100.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 30 години.

Сопствено учество: нема податок.

Трошоци за кредитот: Без провизија за обработка за сите нови кредитни изложености, без нотарски трошоци при рефинансирање во други банки, без трошоци за проценка на недвижниот имот во случај кредитот да се одобри.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 4,5% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Силк Роуд Банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 3 години во висина од 2,50%, фиксна каматна стапка за 4-та и 5-та година во висина од 3,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 5,50% (едномесечен ЕУРИБОР + маржа).

Максимален износ на кредит: 400.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 30 години.

Сопствено учество: 15% за купување од градежни компании со кои банката има соработка, во спротивни 20%.

Трошоци за кредитот: 0% – провизија за администрирање на кредит, 0% – провизија за администрирање на кредит (за рефинансирање кредити од други банки), 400 МКД – апликативни трошоци, 0 MКД Tрошоци за процена, Трошоци за запишување на хипотека и осигурување на имотот, Трошоци за меница и Нотарски трошоци.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 5% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Еуростандард Банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 2 години во висина од 5,00% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 7,40% (6м ЕУРИБОР + маржа).

Максимален износ на кредит: 150.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 25 години.

Сопствено учество: нема податок.

Трошоци за кредитот: Надоместоци до 1,0% еднократно за управување со кредитот, минимум 1,000 денари

Предвремена отплата: Провизија во висина од 2% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Можност за грејс период од 12 месеци.

Капитал Банка АД Скопје

Каматни стапки: фиксна каматна стапка за 3 години во висина од 3,90% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 6,00% (6м ЕУРИБОР + маржа).

Максимален износ на кредит: 150.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 25 години.

Сопствено учество: 10%.

Трошоци за кредитот: Нема административни трошоци и провизија за обработка на барање во висина од 1% еднократно при одобрување на кредитот.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 1,5% ако се рефинансира од друга банка, односно 0% ако се отплаќа од сопствени средства.

Можност за грејс период од 12 месеци.

Стопанска банка а.д. Битола

Каматни стапки: фиксна каматна стапка во првата година во висина од 2,90%, фиксна каматна стапка во втората и третата година во висина од 3,90%, фиксна каматна стапка во четвртата и петтата година 4,50% и променлива каматна стапка за остатокот од периодот од 6,00% (6м ЕУРИБОР + маржа).

Максимален износ на кредит: 150.000 евра.

Максимален рок на отплата: до 30 години.

Сопствено учество: 25%.

Трошоци за кредитот: Трошок за аплицирање 700,00 денари и провизија за одобрен кредит во висина од 1% од износот на кредит.

Предвремена отплата: Провизија во висина од 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот на кредитот.

КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Во целосната понуда за станбени кредити како извесна поволност се издвојуваат и проектите „Купи куќа, купи стан” и „Купи куќа за млади” – субвенционираните станбени кредити. Сите банки кои се дел од овој проект ги нудат истите услови – камата од 2,90% за првите три години и 3,90% за следните две години, со што по истекот на петтата година, банките го задржуваат правото да вршат корекција на каматната стапка согласно нивните интерни понуди за станбени кредити.

Во продолжение ви ги презентираме каматните стапки кои важат во моментов по истекот на 5-тата година во сите осум банки кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан”.

  1. Шпаркасе Банка Македонија (6,20%)
  2. Стопанска банка а.д. Битола (6,90%)
  3. ТТК Банка (6,90%)
  4. Стопанска Банка АД – Скопје (6,17%)
  5. НЛБ Банка (5,50%)
  6. Силк Роуд Банка (6,40%)
  7. Охридска банка (нема достапен податок)
  8. ПроКредит Банка (нема достапен податок)

Последните години се бележи се поголема побарувачка на станбените кредити, што од една страна се должи на големата градежна експанзија во Скопје, но и во другите градови во Македонија, како и се подобрите услови за финансирање и рефинансирање на станбените кредити. Големата побарувачка за станбени кредити ги раздвижи и банките, кои континуирано ги прилагодуваат своите понуди и се борат за што поголем број клиенти преку конкурентни понуди и промотивни периоди.

НАПОМЕНА: Податоците за каматни стапки и останати трошоци за станбените кредити се генерирани од веб страните на вкупно 14 банки во Република Северна Македонија. Истите служан исклучиво за информирање на читателите на Банкарство.мк  и податоците кои се прикажани имаат исклучиво информативен карактер, односно истите не се официјален став на Банкарство.мк.

Банките го задржуваат правото да ги менуваат карактеристиките на производите кои се предмет на анализа.

Текстот е последно ажуриран на 16 март 2020 година.

Анализи

И не е се така розово во поволностите на банките – ќе пресметуваат камата за грејс периодот

Објавено

на

Деновиве е актуелна мерката за мораториум на кредитните изложености во банките, односно народски кажано банките им ги стопираат плаќањата на своите клиенти физички лица за период од 3 до 6 месеци. Првично, оваа мерка изгледа одлично поготово за дел од клиентите кои во моментов се најзасегнати од моменталната кризна состојба предизвикана од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Банките ќе пресметуваат камата додека трае грејс периодот за отплата на долговите

Објавено

на

По донесувањето на уредбата од страна на Владата на РСМ, изработена од Министерството за финансии и Народната банка со која се овозможува побрза и поедноставна промена на договорните услови за кредитите на засегнатите граѓани и фирми, банките започнаа со објавување на своите понуди до клиентите.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

НАЈПОВОЛЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ: Анализиран износ – 300.000 денари, Рок на отплата – 60 месеци

Објавено

на

 

Потрошувачкиот кредит во секоја банка содржи специфичности согласно деловната политика на банката. При изборот на најсоодветен потрошувачки кредит обрнете внимание на висината на каматна стапка (во фиксен и во променлив период), максималниот износ на кредит, рокот на отплата и трошоците кои произлегуваат од кредитната апликација изразени во износ или процент. (more…)

Продолжи со читање

Популарно