Connect with us

Анализи

Анализа на банкарскиот сектор за 2022 година: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, но намалена од компаниите

Објавено

на

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52% се кредити одобрени на физички лица, а останатите 48% се кредити на корпоративниот сектор. Минатата година регистриран е пад на каматите на кредитите.

Кредитирање на домаќинствата – се намалиле долговите на кредитните картички

На крајот од декември 2021-та година домаќинствата во банките должеле 3,24 милијарди евра. И претходната 2021 година, регистриран е раст на кредитната активност на домаќинствата, со најголем раст на потрошувачките и на станбените кредити.

“Гледано на годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,8%, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории е забележан годишен раст од 7,2% и 15,5%, соодветно” – наведуваат од Народната Банка.

Кредити дадени на физички лица

  • Потрошувачки кредити 1,71 милијарди евра;
  • Станбени кредити 1,10 милијарди евра;
  • Кредитини картички 166,2 милиони евра;
  • Дозволено пречекорување 95,7 милиони евра;
  • Автомобилски кредити 3,8 милиони евра;
  • Други кредити 42,3 милиони евра.

Извор: Народна банка

Според анализата што ја направи “Порталб” врз основа на податоците, лани граѓаните се потрудиле да ги намалат долговите на кредитните картички додека пак се зголемил долгот на негативните салда. Конкретно, кредитите одобрени на кредитни картички на годишно ниво се намалиле за 8,5%, од друга страна негативните салда на тековните сметки се зголемиле за 1,5%. Голем раст од цели 32,5% е регистриран кај кредитите одобрени “по други сонови”.

Минатата година помина во знакот на олеснување на условите за кредитирање на физичките лица и според банкарите овој тренд се очекува да продолжи и во оваа 2022 та година.

“За првиот квартал од 2022 година, банките очекуваат натамошно нето-олеснување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата. Кај каматната стапка на станбените и потрошувачките кредити и понатаму се забележува нето-олеснување. Од аспект на останатите кредитни услови, провизиите (кај станбените кредити) и некаматните приходи (кај потрошувачките кредити) и понатаму забележуваат нето-олеснување, но посилно кај провизиите во однос на претходната анкета. Обврските за обезбедување кај станбените кредити забележуваат натамошно нето-заострување” – оцениле банарите за потребите на Анкетата и посочиле дека конкуренцијата меѓу банките е клучен фактор кој го дикатира трендот на олеснување на кредитните услови.

Во декември прсечната каматна стапка на кредитите за домаќинства изнесувала 5,18% а на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28 %.

Кредитирање на фирми – 62% од кредитите во денари

Кредитната активност на фирмите со поголем темпо од физичките лица – на крајот од минатата година корпоративниот сектор во банките по основ на кредити должел 2,99 милијарди евра.

“Во декември вкупните кредити на корпоративниот сектор8 остварија месечен и годишен раст од 3,1% и 8,7%, соодветно. Анализирано според валутата, остварен е раст на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити во месечната и во годишната промена” – соопштија од Народната банка.

За разлика од лани – годинава, според оценките на банкарите, се очекува намалување на побарувачката на кредити од страна на фирмите иако од друга страна се очекува олеснување на кредитните услови.

“За првото тримесечје на 2022 година, банките очекуваат мало нето-намалување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата. За првиот квартал од 2022 година, банките очекуваат умерено нето-олеснување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити” – се наведува во Анкетата.

Во декември 2021 та просечната плата на вкупните одобрени кредити на корпоративниот сектор изнесувала 3,48% со намалување за 0,24% на годишно ниво.

Кредити одобрени на корпоративен сектор – Вкупно 2,99 милијарди евра

  • Кредити во денари 1,85 милијарди евра
  • Кредити во странска валута 1,14 милијарди евра

Извор: Народна банка

Најголем дел или 62% од кредитите на фирмите се во домашна валута додека остантите 38% се во странска валута. Во банкарската 2021 година годишниот раст на вкупните кредити изнесувал 8,3%.

Анализи

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)

Продолжи со читање


Популарно