Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

АНАЛИЗА: Кој ќе добие максимален поврат на ДДВ!?

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, вчера го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните којшто ќе стартува од 1 јули.

На прес конференцијата беше соопштено дека станува збор за нова реформа, којашто за првпат се воведува кај нас, а по начинот на којшто ќе се реализира, ќе биде прва од ваков вид и на Балканот.

Премиерот Зоран Заев додаде дека е исполнето уште едно ветување за враќање на парите кај граѓаните, мерка која ќе важи за сите подеднакво, а со која и граѓаните ќе помогнат во битката против сивата економија. Тој објави дека максималниот износ на поврат на ДДВ е 28.800 денари за четиричлено семејство.

Но, колку треба да потроши семејството за да може да го искористи максималниот годишен поврат на ДДВ?

Според нашите истражувања и пресметки, за едно четиричлено семејство да може да ја искористи максимално оваа мерка и да добие годишен поврат на ДДВ од 28.800 денари, потребно е да потроши помеѓу 17.000 и 62.000 евра годишно.

Доколку се купуваат производи кои се даночат со стапка од само 18% тогаш пресметката вели дека за да вратите 28.800 денари (колку што е предвидениот максимум) за една година, едно семејство ќе мора да потроши точно 17.344 евра за една година или да троши по 1.445 евра секој месец само на производите кои се даночат со стапка од 18%.

Но, поголемиот дел од храната и уште некои производи кои најчесто се купуваат се даночат со повластена даночна стапка од 5%.

Во таков случај, кога би сакале да го направите максималниот годишен поврат на ДДВ од 28.800 денари, само од купени производи кои се даночат со стапка од 5%, тогаш вие за една година ќе треба да потрошите фантастични 62.439 евра или секој месец во продавница да оставате по повеќе од 5.200 евра.

Ако претпоставивме дека во еден месец ќе купувате подеднакво производи даночени со 5% и 18% ДДВ, тогаш некоја средна потрошувачка што Ви е потребна за да го остварите максимумот поврат би се движела околу 40.000 евра на годишно ниво што значи дека секој месец би требало Вашето семејство да троши по околу 3.300 евра.

Ќе направиме и пресметка на една просечна плата од 24.000 денари. Доколку целата ја потрошите на производи даночени со 18% ДДВ тогаш, вие практично ќе платите 4.320 денари за ДДВ. Од нив, во тој месец ќе имате право да вратите 648 денари.

Доколку купувате производи кои се даночат со 5% (како на пример храната) тогаш вие ќе платите 1.200 денари ДДВ. Од оваа сума, тој месец ќе имате право на поврат во износ од 180 денари.

Се разбира, покрај потрошувачката за храна и обувки, Вие од Вашата плата ќе морате да ги платите и режиските трошоци кои не подлежат на поврат на ДДВ.

Согласно нашата анализа, максимален поврат на ДДВ ќе можат да искористат само најбогатите граѓани, коишто месечно трошат над 1.500 евра.

Анализи

Ребаланс или дисбаланс – Помалку инвестиции, повеќе јавни трошења

Објавено

на

Предложениот ребаланс на буџетот за 2019 година донесе повеќе дилеми околу неговата оправданост, како и во реалоцирањето на предвидените средства за трошење кога веќе проектираните расходи и приходи се поставени речиси на исто ниво како и во досегашната динамика на остварување на буџетот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: “Плиток џеб“ – длабоки кредити во банките!

Објавено

на

Граѓаните се потешко ги отплаќаат кредитите, особено  потрошувачките и станбените. По основ на сите видови кредити, домаќинствата кон банките во јули должеле 2,66 милијарди евра.  Растот на нефункционелните кредити на компаниите е со забавена динамика а најмногу доминираат кај фирмите од трговијата и од градежиот сектор, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Анализите покажуваат концентрација на кредитната изложеност во домаќинства кои располагаат со пониска или иста нето просечна плата.  Монетраната власт будно го следи одoбрувањето на потрошувачки кредити и доколку има потреба најавува “затегнување”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ќе „удри“ ли нова рецесија – Прашање на време или справување со последици?

Објавено

на

Шансите да „удри“ нова рецесија пред изборите во САД се 50/50, а со тоа и да предизвика потреси на глобалниот пазар. Финансиските аналитичари во САД имаат одредена доза на песимизам во однос на растот на инвестициите и предупредуваат дека е возможно пред претседателските избори закажани за ноември 2020 година да „удри“ нова рецесија која може да ги потресе пазарите и економијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange