Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Која банка нуди најдобри услови за потрошувачки кредит?

Објавено

на

Согласно препораките од Министерството за Здравство во оглед на настнатата ситуација со коронавирусот, Банкарство.мк со цел грижа за здравјето на граѓаните започна со споредби на целокупната понуда во банкарскиот сектор.

Во текот на денешниот ден ја анализираме понудата на потрошувачки кредити во вкупно 14 банки од земјава.

Потрошувачкиот кредит во секоја банка содржи специфичности согласно деловната политика на банката. При изборот на најсоодветен потрошувачки кредит обрнете внимание на висината на каматна стапка (во фиксен и во променлив период), максималниот износ на кредит, рокот на отплата и трошоците кои произлегуваат од кредитната апликација изразени во износ или процент.

Во моментов, од аспект на каматната стапка, најповолен потрошувачки кредит нуди УНИБанка, кој се состои од 4,25% фиксна годишна каматна стапка за првите 2 години, потоа 6,25% променлива каматна стапка за остатокот на периодот.

Максималниот износ на кредит е 1.200.000,00 денари со рок на отплата од 95 месеци.

Трошоци: 600,00 денари за апликација и 1% провизија за одобрување на кредит.

Понудата се однесува единствено за приматели на плата на сметка во УНИБанка АД Скопје со вклучена полиса за ризико осигурување на живот.

Во продолжение ви ја презентираме целосната понуда на потрошувачки кредити од страна на сите 14 банки во Македонија.

Комерцијална банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 30.000 ЕУР за вработени на неопределено време, односно 15.000 ЕУР за вработени на определено време.

Максимален рок на отплата: 95 месеци.

Каматни стапки:

  • 4,90% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 5,90% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 2.000,00 денари надомест за одобрување на кредитот,
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата,
  • трошоци за меница.

Обезбедување:

  • траен налог,
  • меница и менична изјава.

Халкбанк АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.500.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 5,00% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 7,75% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 0% надомест за одобрување на кредитот,
  • 150,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • 150,00 денари за проверка во Кредитно биро,
  • Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Кроација Осигурување – Живот АД Скопје.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.500.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 5,25% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 7,55% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 1.000,00 денари надомест за одобрување на кредитот,
  • 1.000,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • 300,00 за проверка во Македонско кредитно биро,
  • трошоци за интеркаларна камата.

Обезбедување:

  • зависно од износот на кредит (административна забрана од плата, солемнизација на Договорот за кредит на Нотар, Меница во форма на Нотарски акт и полиса за животно осигурување.

НЛБ Банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.500.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 5,20% годишна, фиксна за првите 35 месеци
  • 6,71% годишна, варијабилна за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 0% надомест за одобрување на кредитот,
  • 600,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • полиса за животно осигурување од Кроациа Осигурување – Живот,
  • трошоци за интеркаларна камата.

Обезбедување:

  • Административна забрана од барателот (и жирантите) или солемнизација – потврда  на договор за кредит на Нотар и Полиса за ризико осигурување од Кроациа Осигурување – Живот.

Стопанска банка АД – Скопје

Максимален износ на кредит: 1.200.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 5,50% годишна, фиксна за првите 35 месеци
  • 8,33% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 0% надомест за одобрување на кредитот,
  • 600,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • полиса за животно осигурување.

Охридска банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.500.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 5,25% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 7,55% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • Административен трошок 1% – 2% (минимум 800,00 денари),
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • меница од 100,00 до 500,00 денари,
  • проверка во Македонско кредитно биро 400,00 денари.

Обезбедување:

  • Административна забрана од барателот (и жирантите) или солемнизација – потврда  на договор за кредит на Нотар.

ТТК банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.200.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 95 месеци.

Каматни стапки:

  • 4,85% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 7,23% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 500,00 денари за обработка на барање за кредит,
  • Без надоместок за одобрување,
  • Без надоместок за администрирање,
  • Без надоместок за предвремена отплата,
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно),
  • Премија за полиса за ризико животно осигурување.

Обезбедување:

  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 600.000 денари),
  • За кредити на износ од 900.001 до 1.200.000 денари доказ за сопственост на имот – имотен лист не постар од 3 (три)  месеци, во спротивно 1 (еден) жирант,
  • Административна забрана на плата,
  • Траен налог,
  • Полиса за ризико животно осигурување,
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.

ПроКредит Банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 30.000 ЕУР.

Максимален рок на отплата: 60 месеци.

Каматни стапки:

  • 6,00% годишна, фиксна за првите 60 месеци

Трошоци за кредитот:

  • Провизија при исплата во висина од 1%.

УНИБанка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.200.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 95 месеци.

Каматни стапки:

  • 4,25% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 6,25% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • Административен трошок 1%,
  • 600,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,

Обезбедување:

  • до 1.200.000 мкд – без жиранти
  • Согласно кредитна анализа, Банката може да побара дополнително обезбедување – кредитоспособен жирант

Централна кооперативна банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.800.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 4,70% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 5,80% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • Провизија за одобрување 1% – 2% зависно од рокот на отплата (промотивно до 31.03 без провизија),
  • 650,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,

Силк Роуд Банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 900.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 120 месеци.

Каматни стапки:

  • 5,20% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 7,50% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 0% провизија за администрирање на кредит (еднократно при исплата)
  • 200 МКД надомест за разгледување и обработка на барањето
  • Нотарски трошоци за солемнизација на договор за износ над МКД 300.000

Обезбедување:

  • Солемнизација на договорот за кредит за износ поголем од МКД 300.000
  • Административна забрана, доколку е прифатлива за сите страни (Компанија – Банка – Кредитобарател)

Еуростандард Банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 900.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 95 месеци.

Каматни стапки:

  • 7,80% годишна, фиксна за првите 24 месеци
  • 9,90% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 1% провизија за управување со кредитот, минимум 1.000,00 денари,
  • 250,00 денари трошоци за аплицирање.

Обезбедување:

  • За износи до 300,000 денари и потребна е меница и менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот
  • За износи над 300,000 денари потребен е дополнително 1 (еден) кредитоспособен жирант

Капитал Банка АД Скопје

Максимален износ на кредит: 1.200.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 95 месеци.

Каматни стапки:

  • 4,77% годишна, фиксна за првите 12 месеци
  • 7,77% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • 2% провизија за одобрување на кредитот, минимум 750,00 денари.

Обезбедување:

  • До 600.000 МКД – без гарант
  • Над 600.000 до 1.200.000 МКД – гарант или солемнизација на договорот за кредит со извршна клаузула
  • За вработени на неопределено во МВЕ и МО, членови на синдикати со кои банката има соработка, без солемнизација до 1.200.000 денари.

Стопанска банка а.д. Битола

Максимален износ на кредит: 1.000.000 МКД.

Максимален рок на отплата: 95 месеци.

Каматни стапки:

  • 4,99% годишна, фиксна за првите 12 месеци
  • 7,24% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот

Трошоци за кредитот:

  • без провизија за одобрување на кредитот,
  • без трошоци за аплицирање.

Обезбедување:

  • (Солемнизација – Договор за кредит со вклучени извршни клаузули за износи поголеми од  600.000,00 МКД).

Во продолжение ви ги презентираме банките преку кои имате можност онлајн да аплицирате за потрошувачки кредит:

ОХРИДСКА БАНКА

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

ХАЛКБАНК

ПРОКРЕДИТ

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ

НЛБ БАНКА

ТТК БАНКА

КАПИТАЛ БАНКА

УНИБАНКА

НАПОМЕНА: Податоците за каматни стапки и останати трошоци за потрошувачките кредити се генерирани од веб страните на вкупно 14 банки во Република Северна Македонија. Истите служат исклучиво за информирање на читателите на Банкарство.мк и податоците кои се прикажани имаат исклучиво информативен карактер, односно истите не се официјален став на Банкарство.мк.

Банките го задржуваат правото да ги менуваат карактеристиките на производите кои се предмет на анализа.

Текстот е последно ажуриран на 30 март 2020 година.

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно