Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата

Објавено

на

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја.

Досегашната национална борба против корупцијата младите ја оценуваат со двојка (2), а охрабрува фактот што речиси две третини од нив (64%) изјавиле дека досега директно не учествувале во коруптивни активности. Прашани за тоа како ја идентификуваат корупцијата, младите испитаници во најголем процент изјавиле дека тоа претставува „пари во индекс за професорот/ката“ (57%), една третина дека тоа се партиските вработувања, а најмал процент дека тоа се „кафе и бонбониера за докторот“ (7%), односно „подарок во вредност до 1.000 денари“ (3%).

На младите корупцијата најмногу им пречи во сферите на правосудството (58%), здравството (27%) и државната администрација (18%), додека најмалку тоа го идентификуваат како проблем кај полицијата (7%). Речиси идентичен број од нив рекле дека се запознаени со каналите преку кои можат да се изборат против корупцијата со оние кои изјавиле дека немаат такви информации.

Исто така, за младите луѓе најважно е лидерите и лидерките да бидат решителни и праведни (над 50%), понатаму транспарентни (над 15%), а најмалку посакуваат да бидат авторитативни (6%).

„Очигледно е дека според оваа анализа корупцијата претставува еден од најголемите проблеми кој го нотираат младите луѓе, а како дел од решението е целосната посветеност кон градење на транспарентно општество. Промовирањето на младинската активност и подигањето на гласот на младите е нашата главна цел во реализацијата на овој Проект. Дополнително, преку ваквите и слични активности придонесуваме за подигање на знаењето и свеста помеѓу младите за важноста на процесите на транспарентност и отчетност во носењето на одлуки од страна на властите на национално и локално ниво“, вели Анелија Митрова, проектна координаторка во Младинскиот сојуз.

Анализата во која учествуваа над 440 млади луѓе е спроведена од страна на Младинскиот сојуз во
периодот од април до јуни 2022 година, а со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) и
НЕД.

Анализи

Пет македонски банки во најдобрите 100 банки во југоисточна Европа

Објавено

на

Пет банки од Македонија се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на „Seenews“. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Што се крие позади актуелноста на зборот „штедење“?

Објавено

на

Кога станува збор за финансии и финансиска состојба, што е првото нешто што ви паѓа на памет? Што е тоа што ви овозможува да се чувствувате сигурни во било која финансиска ситуација, она што ви обезбедува стабилност при предвидена или пак непредвидена животна случка? – Секако, вашата заштеда.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Живот забрзано го освојува пазарот на животно осигурување

Објавено

на

Во ситуација на голема економска криза која создава потенцијална недоверба за инвестирање на заштедите или тековен прилив на средства на граѓаните од нашата земја направивме истражување како нашите сограѓани управуваат со своите средства во вакви неизвесни состојби и колку имаат доверба во осигурувањето, поведени од фактот дека официјалните податоци на Агенцијата за осигурување покажуваат двоцифрени стапки на пораст на осигурувањето на живот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно