Анализи
АНАЛИЗА: И највисоките и најниските пензии зголемени за 1.000 денари – одржливост и правичност на решението!

Највисоката пензија во земјава изнесува 725 евра, најниската 186 евра. Зголемување за 1.000 денари како “ад-хок” решение ќе добијат сите пензионери за период од три месеци. Дополнително се промени и моделот за пресметка на зголемувањето – во однос на два параметри, трошоци на живот и раст на просечна плата. Во меѓувреме, во земјава соодност на вработен-пензионер е подобрен, но и натаму “ранлив” од аспект на одржливост на државниот пензиски фонд.
Вимателно со растот на пензиите – дефицитот во ПИОМ не смее да се продлабочи…
Мартовската, априлската и мајската пензија еднократно, за сите пензионери ќе биде зголемена за 1.000 денари. Дополнително Владата одлучи да го промени и моделот врз основа на кој ќе ги корегира пензиите – во одност на трошоците на живот и во однос на растот на пресечната плата во државата. Во моментов овие два параметри се во нагорна линија – што треба да предизвика раст на пензиите и по овие основи. На ваков начин според владата се обезбеди решение со кое ќе се заштити стандардот на пензионерите.
“Просечната пензија во 2022 година, во однос на минатата година, ќе биде повисока имајќи ги предвид трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата кај нас.Важно е дека ова е систематско решение и нема да има влијание во зголемувањето на стапката на пензиските придонеси” – оценуваат од ПИОМ.
Според дел од економистите одлуката за раст на пензиите е добредојдена во услови на растечки цени и воопшто економска криза, но се предупредувње за две клучни прашања, дали решението за еднократно зголемување на пензиите од 1.000 денари е одржливо и праведно и второ, да не се наруши стабилноста на сегашниот државен пензиски фонд.
Зошто се алудира на “правдно “решение за раст на пензиите? Во март, април и мај повисока пензија за 1.000 денари ќе добијат и пензионерите со најниски и оние со највисоки пензии. Според податоците од ПИОМ во јануари во земјава имало 326.841 пензионери, од нив скоро 48% имаа пензија до 14.000 денари, а само 31% повисока од 18.000 денари.
Пензии и кoрисници јануари 2022 година – висина на пензија пензионери
- До 11.500 денари – 27,28%;
- Од 11.501 до 14.000 денари – 20,24%;
- Од 14.001 до 18.000 денари – 21,26%;
- Над 18.001 денари – 31,02%
Но, ако се анализира од аспект на просечна исплатена пензија во земјава – таа изнесува 264 евра или 16.300 денари. Само 0,4% од пензионерите имаат пензија во висина од 44.778 денари до 59.674 денари – пензии кои се со максимално највисоки износи.
“Тримесечниот износ од 3.000 денари вкупно, е линеарен за сите пензионери, без разлика на висината на пензија. Иако наменското зголемување е оправдано – заради ублажување на негативните последици од енергетската криза и порастот на цените, сепак тоа е форма на ад-хок зголемување, и евентуални идни вакви наменски зголемувања треба да се рационализираат само кон примателите на пониски пензии” – оценуваат од институтот “Finance Тhink”.
На 2,4 вработени – 1 пензионер
Според последните податоци од Заводот за статистика во земјава има нешто повеќе од 794.900 вработени. Споредбената анализа на “Порталб” покажува дека на 2,4 вработени има 1 пензионер.
Сооднос 2,4 вработени : 1 пензионер
Број на вработени 794.909
Број на пензионери 326.841
Сегашните вработени ја полнат фондовската каса преку придонеси, а од таму пак се исплаќаат сегашните пензии. За редовна исплата на пензии дополнително од Централниот Буџет годинава ќе се префрлат уште 489.000.000 евра. Одржливоста на државниот пензиски фонд е значајна во состојба кога се очекува раст на бројот на пензионери – изминатите години на годишно ниво се регистрирани по 4.000 нови корисници на пензија. Економистите сметаат дека треба да има раст на пензиите според утврдени параметри – но укажуваат на последиците од моментални решенија за еднократно зголемување.
“Усогласувањето на пензиите е значајно за да се зачува животниот стандард на пензионерите, и тоа мора да биде одредено од витални економски парамтри како движењето на цените, платите и БДП. Но, секое ад-хок зголемување на пензиите надвор од економски параметри претставува опасност за дефицитот во пензискиот систем да се зголемува со неодржлива стапка. Доколку продолжеше политиката на големи ад-хок зголемувања на пензиите, дефицитот и понатаму ќе растеше” – заклучуваат од “Finance Тhink”.
Дури 93% од осигуренците во фонодот на ПИОМ се и членови на двостолбниот систем
Сегашните вработени – идни пензионери се дисперзирани во државниот и во приватните пензиски фондови. Во задолжителниот втор пензиски столб на крајот од 2020 та година имало 529.983 осигуреници – во споредба со 2019 та бројот се зголемил за 4%, но во извештајот на МАПАС се наведува дека се “задржува забавениот раст на бројот на нови осигуреници поради неповолните движења на пазарот на труд во услови на пандемија”.
Само 12% од осигурениците се “доброволни” членови додека пак 88% се “задолжителни” по сила на закон. Дури 79% од задолжителните членови се млади лица , до 40 години. Во двостолбниот пензиски фонд членуваат 56% од вкупното активно население.
“Согласно податокот од Фондот за ПИО заклучно со 31.12.2020 година околу 93% од вкупниот број на осигуреници во ПИО се членови на двостолбниот пензиски систем” – се наведува во извештајот на МАПАС.
Само во 2020та година по основ на уплатени придонеси во вториот пензиски столб се улатени 150.000.000 евра. Во доброволниот “трет” пензиски столб членуваат 26.016 осигуреници. Во текот на 2020та година во задолжителните приватни пензиски фондови биле пренесени придонеси во исноз од 9,3 милијарди денари или 150,7 милион евра. За редовна исплата на пензии сумата на годишно ниво надмина 1 милијарда евра.
Анализи
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ (more…)
Анализи
ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата. (more…)
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје