Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Зошто Тевдовски не го истрча финансискиот маратон до крај?

Објавено

на

Драган Тевдовски е омилен професор помеѓу студентите на Економскиот факултет. Во меѓувреме одлучи да се обиде и во политиката како Министер за финансии. Тој успеа за мошне краток временски период во Министерството за финансии да собере тим од доверба, кој ќе биде подготвен за спроведување на крупни и не толку популарни мерки кои ќе ја стабилизираат финансиската слика во државата.

Неговото основно мото од кое го стартуваше маратонот беше дека буџетот треба да се полни повеќе од богатите, односно од оние кои заработуваат повеќе.

Но, дали постапи правило?

Односно, каде згреши?

Во текот на вчерашниот ден премиерот Зоран Заев објави кои министри ќе бидат зафатени со долго најавуваната “метла”. На изненадување на јавноста, единствен министер кој настрада од владеачката партија беше таткото на државната каса – Драган Тевдовски.

Очигледно дека професорскиот пристап во политиката не носи поени. Економијата на долг рок веројатно ќе се стабилизираше, но таквата политика за раководење со државните пари и одзема многу политички поени на моменталната влада. И, веројатно тоа е главната причина поради која беше жртвуван Тевдовски.

Што направи Драган Тевдовски како Министер за финансии?

ВОВЕДЕ ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ

Прогресивниот данок на доход што го воведе Владата се однесува за приходи над 90.000 денари месечна нето плата. Стапката за прогресивен данок кој дополнително се воведе изнесува 8% за доходот над овој праг, односно ако некој има месечна плата од 100.000 денари, данокот на доход до сумата од 90.000 денари ќе се пресметува по стапка од 10%, а остатокот од сумата со стапка од 18%. Станува збор за мерка која ги засега најдоходовниот еден процент граѓани во земјата.

Со воведувањето на прогресивниот данок, даночното ослободување за пензиите и платите се зголеми од 7.500 на 8.000 денари и дека со тоа се намали ефективната даночна стапка, особено за оние со ниски примања. Според Тевдовски, прогресивниот данок не се очекува да предизвика луѓето со вакви примања да си заминат од Македонија или компаниите да ги префрлат бизнисите во други земји.

ГО ЗГОЛЕМИ ДАНОКОК НА ДОХОД

Започнувајќи од 1 јануари 2019 година данокот на доход кој се однесува на дивидендите и другите приходи од хартии од вредност изнесува 15%. Дополнително, се планираше од 1 јануари 2020 година да се оданочуваат и приходите од каматите од депозитите и на каматите од заеми на физички и правни лица.

Во објаснувањето за потребата од промена на даночниот систем Министерството за финансии рече дека доходот од камати на орочените депозити се плаќа во сите земји на ЕУ, со исклучок на Естонија.

ЈА ЗГОЛЕМИ АКЦИЗАТА

Акцизата на дизелот се зголеми за 24% на предлог на Тевдовски. Со оваа мерка, дизел горивата поскапеа за 3,5 денари за литар. Наместо мерката да предизвика намалување на користењето на дизел горивата, таа имаше контрапродуктивен ефект. Денес, граѓаните трошат повеќе дизел горива, а приходите во буџетот по основ на акциза и на ДДВ од таа акциза на дизелите се поголеми од планираните.

ГО КРИТИКУВАШЕ ВМРО-ДПМНЕ

Јавно го критикуваше управувањето со финансиите од страна на ВМРО ДПМНЕ на домашниот пазар на капитал. На почетокот на својот мандат ги замени краткорочните записи и среднорочните обврзници, заменувајќи ги со долгорочни должнички државни инструменти. Резултатот не е сјаен, бидејќи државниот долг во хартии од вредност се зголеми за повеќе од 120 милиони евра.

Во слободно време Тевдовски е љубител на маратонското трчање. Времето ќе покаже дали оваа промена која ја иницираше премиерот Заев по само неколку истрчани километри е исправна или требаше на Тевдовски да му се дозволи да го истрча маратонот до крај и да им докаже на сите кои се неговите способности?

 

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно