Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: За станбени и потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра

Објавено

на

Историските стапки на раст на кредитирањето од 39% нема да се повторат, но догодина и следните години кредитирањето ќе биде стабилно,  со просечни стапки на раст од 8,4%. Во моментов вкупната кредитна изложеност на банките и на штедилниците изнесува 5 милијарди евра додека вредноста на вкупните штедни влогови изнесува 5,8 милијарди евра. На крајот од септември салдото на сомнителни и спорни побарувања е 251 милион евра.

Побарувачката на кредити од страна на домаќинствата забави во третиот економски квартал, со побрза динамика во однос на претходниот,  но според очекувањата на банкарите, овој тренд ќе се промени во последното тромесечје.

За четвртиот квартал од 2018 година, банките очекуваат нето-зголемување на побарувачката на станбени и потрошувачки кредити, како и во претходната анкета – соопштуваат од Народната банка.

Во периодот што измина, според анализите на банкарите, побарувачката на потрошувачки кредити е забавена додека кај станбените кредити забележано е мало, нето-зголемување. Најновите расположливи податоци покажуваат дека на крајот септември домаќинставата ( физички лица и самостојни вршители на дејност) во банките биле задолжени со 2 милијарди и 487 милиони евра.

Кредитна задолженост на домаќинства:

  • Потрошувачки кредити      1 268 000 000 евра
  • Станбени кредити                 713 500 000 евра

“Кај побарувачката на корпоративни кредити, во третиот квартал е забалежано зголемување, но послабо во однос на состојбата во вториот кавртал.  Според банките, ваквата промена е резултат на намалената побарувачка на кредити од страна на малите и средните претпријатија , краткорочните и долгорочните кредити, при што забавување на побарувачката се забележува и кај побарувачката на кредити од големите претпријатија” – изјавиле банкарите во новообјавената Анкета за кредитна активност.

Најголемите пикови на кредитен раст беа достигнати од 2004 година  до 2008 година. Според анализата на податоците што ја направи “Порталб”, во 2007 година стапката на кредитен раст надмина 39% и се смета за историски највисока.

Кредити на приватен сектор – стапки на промена:

  •  2004 година       25,0%
  • 2005 година       21,0%
  • 2006 година       30,5%
  • 2007 година       39,2%
  • 2008 година       34,4%

На истекот од оваа банкарска година, според прогнозите од НБРМ, до година се очекува забрзување на темпото на кредитен раст кое ќе се задржи во следните години.

“За 2019 година се очекува слична динамика на растот на кредитната активност од 8,5% (7,7% во априлската проекција), додека за наредниот период заклучно со 2021 година, кредитниот раст би изнесувал 8,4%, во просек. Оцените за забрзување на кредитниот раст се засноваат на претпоставките за стабилни очекувања, раст на депозитниот потенцијал на банките и засилена економска активност” – велат од НБРМ.

Дел од банкарите за “Порталб” коментираа дека  вкупната политичка неизвесност, особено во периодот пред одржување на реферндумот и настаните во Собранието по неговото завршување, влијаеше врз кредитната активност, со воздржаност од нови задолжувања и кај граѓаните и кај фирмите. 

Анализи

Кои се околностите за спојување на Дојче Банк и Комерцбанк?

Објавено

на

Не е само политичкиот пејзаж на Германија што гледа пресврт. Сега се чини дека германската влада е подготвена да го санкционира спојувањето помеѓу две од нејзините некогаш големи банкарски сили, Дојче банк и Комерцбанк. Ова се чини дека е потег за да се осигури дека Германија може да тврди дека има еден финансиски играч кој може да обезбеди доволно финансиска поддршка на германските компании дома, а особено во странство. Ова е идеја оптоварена со опасност. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кој ќе биде најоштетен од воведувањето на прогресивниот данок?

Објавено

на

Повеќе од една деценија во Македонија се употребува рамниот данок. Но, дали го постигна ефектот кој што се очекуваше? Воведен под велот на рамноправност за сите граѓани, всушност го постигна спротивното односно продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкарската индустрија не е подготвена за новата ера на маркетинг

Објавено

на

Извештајот за Водич за Финансиски маркетинг во 2018 година, спонзориран од Deluxe, е најдобриот ресурс на индустријата за да се разбере распределбата на буџетите, приоритизацијата на стратегиите и предизвиците со кои се соочуваат финансиските пазари на глобално ниво. За прв пат овој извештај, исто така, обезбедува разбирање на алатките за дигитален маркетинг што се користат од страна на финансиските институции за да се подобри насочувањето, да се автоматизира испораката и да се генерираат подобри резултати. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange