Анализи
АНАЛИЗА: За девет месеци од годинава македонските банки заработиле исто колку лани за цела година


Македонските банки се алфа и омега во споредба со сите останати компании кога е во прашање профитабилноста. Додека кризата навлезе во сите сфери на општеството и целиот бизнис сектор се соочува со намалени приходи и стопени профити, банките и понатаму од година во година рушат рекорди по заработка.
Анализирајќи ги последните финансиски извештаи на банкарскиот сектор, Банкарство.мк дојде до податок дека за девет месеци од годинава профитот на банките се искачи на 117,4 милиони евра, односно тие за само девет месеци речиси го изедначија профитот остварен во кризната 2020 година, кога годината ја завршија со добивка од 118 милиони евра.
Доколку банките продолжат со ова темпо на раст на профитот се очекува до крајот на годината да постават историски рекорд по заработка која се очекува да надмине 130 милиони евра.
Согласно податоците на Народната банка, можеме да забележиме дека во третиот квартал профитот на домашните банки се зголемил за неверојатни 43 милиони евра, бидејќи заклучно со првото полугодие на 2021 година профитот на банките изнесуваше 74 милиони евра.
Најголемата заработка во банкарскиот сектор завршила кај големите банки. На нивно конто на име профит за девет месеци се слеале речиси 104 милиони евра. Средните банки прикажале профит од 11,5 милиони евра, а малите 2 милиони евра.
Водечките три македонски банки (Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка) оствариле добивка од 79 милиони евра, што претставува зголемување за високи 21,63% во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2020 година.
Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која за девет месеци од тековната година прокнижи нето добивка од 1.813.259 илјади денари или 29,5 милиони евра, што претставува зголемување за 28% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.
Добивката пак на НЛБ Банка за првите девет месеци од годинава е 27,5 милиони евра, што е раст за високи 33,5 проценти во однос на истиот период лани. Комерцијална банка пак прикажа добивка од 22 милиони евра, што е раст за 3,4 проценти во однос на истиот период од претходната година.
Од овие податоци можеме да заклучиме дека банкарскиот сектор во нашата држава е најпрофитабилен и дека банките и во услови на криза бележат фантастични резултати.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк
Анализи
„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година


Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)
Анализи
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?


Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!


Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје