Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Граѓаните се “вратија “ на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7% !

Објавено

на

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво. Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8% , а кредитите се со раст од 5,1%, пишува “Порталб”. Интресно е дека “јазот” помеѓу депозитите и кредитите се зголеми за повеќе од една милијарда евра – односно износот на депозитината база е за 1,2 милиајрди евра повеќе во однос на пласираните кредити.

Кредитната задолженост на фирмите и на граѓаните надмина 6 милијарди евра …

Домаќинствата се вратија на “поагресивно” задолжување во банките – на крајот од јуни кредитната задолженост на граѓаните надмина 3 милијарди евра по различни основи – или кредитите на домаќинствата на годишно ниво бележат раст од 8,7%.

Кредити јуни 2021 година

Вкупни кредити 6.010.000.000 евра

Корпоративен сектор 2.846.000.000 евра

Домаќинства 3.164.000.000 евра

Потрошувачките кредити и станбените кредити и натаму се најдоминатни во кредитната изложеност на банките кон домаќинствата, додека автомобилските кредити повеќе месеци наназад се со негативен предзнак.

Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јуни, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат годишен раст од 7,9% и 14,7%, соодветно. Во јуни, автомобилските кредити, се намалени на месечно и годишно ниво за 2,9% и 17,1%. Кредитите одобрени на кредитни картички во јуни се зголемија за 0,5% на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 8,9%” соопштија од НБМ.

Кредити на домаќинства

Потрошувачки кредити 1.600.000.000 евра

Станбени кредити 1.000.000.000 евра

Кредитни картички 170.000.000 евра

Негативни салда 104.370.000 евра

За разлика од домаќинствата, растот на кредитната задолженост на фирмите е со побавно темпо. На крајот од првото полугодие корпоративниот сектор бил задолжен со 2,8 милијарди евра, со раст од 1,2% на годишно ниво.

Депозитината база во банките надмина историски 7 милијарди евра…

Темпото на раст на кредитирањето – побавно во однос на растот на штедењето. На крајот од првото економско полугодие вкупната депозитна база достигна 7,2 милијарди евра, со остварен годишен раст од 6,8%. Анализата што ја направи “Порталб” покажува дека од вкупните депозити, 53,8% се во домашна валута додека останатите 46,2% се со девизна клаузула.

Депозити

Вкупно 7.250.000.000 евра

Денарски депозити 3.900.000.000 евра

Девизни депозити 3.334.000.000 евра

Интресно е дека кај депозитите на коропоративниот сектор на годишно ниво регистрирана е висока стапка на раст. Вкупните депозити на фирмите на крајот од јуни изнесуваат 2,1 милијарди евра.

“Вкупните депозити на корпоративниот сектор во јуни се повисоки за 3,1% на месечна основа. Годишната стапка на раст изнесува 16,7%, главно поради зголемените депозитни пари, при позитивно влијание и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута” – наведуваат од НБМ.

Депозити на домаќинства годишна стапка на раст

Во денари 2,4 милијарди евра +2,3%

Во странска валута 2,3 милијарди евра +6,4%

Кај домаќинствата во јуни, растот на штедењето е предводен од растот на краткорочните депозити во странска валута, но раст бележат и краткорочните депозити во денари и во странска валута.

Оваа банкарска година започна со заострени услови на кредитирање, но и со намалена побарувачка за кредити, па дел од банкарите оценија дека улогите се смениле – сега банките се тие кои “ловат” клиенти. Сепак по завршување на првиот квартал забележани се значајни стапки на раст на кредитирањето на домаќинствата.

“Посилниот кредитен раст кај домаќинствата e најмногу резултат на зголемената побарувачка на кредити, при истовремено олеснети кредитни услови. Банките укажуваат на поизразено олеснување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата коешто е забележано кај сите типови кредити” – оценуваат банакрите.

Сепак – ковид пандемијата се одрази и врз депозитното портфолио , регистрирана е промена на валутната и рочната склоност на штедните влогови , видлива преку пад на долгорочните депозити и доминантен придонес на девизните депозити, но и натаму степенот на “евроизираност” на депозитите останува на релативно стабилно ниво.

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно