Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Банките ќе пресметуваат камата додека трае грејс периодот за отплата на долговите

Објавено

на

По донесувањето на уредбата од страна на Владата на РСМ, изработена од Министерството за финансии и Народната банка со која се овозможува побрза и поедноставна промена на договорните услови за кредитите на засегнатите граѓани и фирми, банките започнаа со објавување на своите понуди до клиентите.

Во текот на изминатата и оваа недела, Јавна понуда на своите веб страни објавија Халкбанк, Комерцијална, УНИ и Стопанска банка – Скопје. Понудите на овие четири банки претежно се темелат на истата поволност за шестмесечен грејс период кај кредитите, кредитните картички и дозволеното пречекорување, се разбира прилагодено на системските можности на секоја од банките.

Деновиве до Банкарство.мк пристигнаа голем број на прашања од страна на засегнати граѓани, каде бараат подетални информации поврзани со грејс периодот и подетално образложение на одложената отплата на обврските.

Со цел разјаснување на моменталната состојба, ги анализираме понудите кои се објавени од страна на четирите банки досега:

Стопанска банка АД – Скопје

Камата ќе продолжи да биде пресметувана во периодот на одложување на отплатата, согласно важечките каматни стапки. Главницата, каматата и трошоци кои се доспеани а не платени се до моментот на одложување на отплатата, ќе бидат регулирани со крајот на периодот од 6 месеци, со распределба во новиот продолжен период на отплата на производот“, – велат од Стопанска банка АД – Скопје.

Халкбанк АД Скопје

Редовната камата која ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде доспеана на крајот на грејс периодот и истата ќе биде договорно регулирана“, велат од Халкбанк.

Комерцијална банка АД Скопје

За цело времетраење на грејс периодот, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит. По истек на предвидениот грејс период од 6 (шест) месеци, каматата пресметана во грејс периодот ќе се капитализира (додаде) на кредитното салдо на кредитот и рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. Банката нема да пресметува камата на капитализираната камата”, велат од Комерцијална.

УНИБанка АД Скопје

Банката Ви одобрува соодветно пролонгирање на крајниот рок на важност на договорот, со цел да се задржи висината на сегашниот ануитет“, велат од УНИБанка, која единствена од банките кои досега ја објавија Јавната понуда до своите клиенти не спомнува дали ќе се пресметува камата кај кредитите во грејс периодот.

Со цел појасен приказ на начинот на регулирање на кредитите, од аспект на пресметка на камата во грејс периодот и следствено на тоа промената на договорните услови по истекот на грејс периодот во продолжение ви презентираме два примери кои се однесуваат на потрошувачки и станбен/хипотекарен кредит.

ИНФОРМАТИВНА ПРЕСМЕТКА ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

Предефинирани услови

Износ на кредит кој клиентот го има како главен долг во банка Х: 600.000,00 денари

Преостанат број ануитети за плаќање: 72 рати

Износ на рата согласно моментална состојба:

Рата во период со фиксна каматна стапка: 9.944,00 денари

Рата во период со променлива каматна стапка: 10.237,00 денари

Вкупно дополнителна камата пресметана во текот на 6 (шест) месеци грејс период: 17.457,00 денари

Износ на рата согласно нова состојба, по извршено репрограмирање на кредит (по истек на 6 месеци грејс период):

Рата во период со фиксна каматна стапка: 10.233,00 денари (289,00 денари месечно повисока рата)

Рата во период со променлива каматна стапка: 10.535,00 денари (298,00 денари месечно повисока рата)

*Во пресметката земени се каматни стапки во висина од 6% фиксна за првите 24 месеци, односно 7,50% променлива за остатокот од периодот.

ИНФОРМАТИВНА ПРЕСМЕТКА ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ

Предефинирани услови

Износ на кредит кој клиентот го има како главен долг во банка Х: 35.000 ЕУР

Преостанат број ануитети за плаќање: 300 рати

Износ на рата согласно моментална состојба:

Рата во период со фиксна каматна стапка: 175,22 ЕУР

Рата во период со променлива каматна стапка: 196,39 ЕУР

Вкупно дополнителна камата пресметана во текот на 6 (шест) месеци грејс период: 609,29 ЕУР

Износ на рата согласно нова состојба, по извршено репрограмирање на кредит (по истек на 6 месеци грејс период):

Рата во период со фиксна каматна стапка: 178,27 ЕУР (3,05 ЕУР месечно повисока рата)

Рата во период со променлива каматна стапка: 199,80 ЕУР (3,41 ЕУР месечно повисока рата)

*Во пресметката земени се каматни стапки во висина од 3,50% фиксна за првите 10 години, односно 5,20% променлива за остатокот од периодот.

На денешната прес конференција во Владата, премиерот Оливер Спасовски истакна дека очекува банките да ги одложуваат кредитите и тоа за граѓаните од три до шест месеци, а за фирмите од три месеци па до година и повеќе.

Притоа, тој им посочи на банките дека Владата нема да ги остави да работат кој како сака, и очекува од нив да ги испочитуваат мерките, во спротивно ќе бидат преземени дополнителни мерки.

НАПОМЕНА: Податоците наведени во пресметката се од информативен карактер и не можат да послужат како официјален податок за ниту една банка. Истите служат исклучиво за информирање на читателите на Банкарство.мк и податоците кои се прикажани не се официјален став на Банкарство.мк.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно