Connect with us

Осигурување

АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« за Групацијата Триглав

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ »A« (одлично) и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »A«. Оценките за кредитниот рејтинг на двете друштва имаат стабилна среднорочна прогноза, која ги изразува очекувањата на агенцијата, дека Триглав, среднорочно, ќе ја задржи својата цврста финансиска позиција, доброто работење и водечката положба на пазарите во Словенија и регионот, каде е присутна Групацијата.

АМ Бест ја оценува финансиската позиција на Триглав како многу цврста, со стабилно работење. Профилот на работењето, како и влијанието на мнозинскиот сопственик на оценката за кредитен рејтинг е неутрален. При тоа, нагласува дека системот за управување со ризици на Групацијата Триглав е развиен и соодветен во поглед на профилот на ризик, сложеноста и обемот на работењето.

Оценката за цврстата финансиска положба се темели на ризиците прилагодени на капитализираноста на Групацијата Трилгав, којшто е на најсилното ниво. Според мислењето на агенцијата, Групацијата претпазливо управува со резервите и има добар степен на финансиска флексибилност со пристап до пазарите на капитал и обврзници, што се одразило и на годишната емисија на субордирани обврзници.

Агенцијата наведува дека добрите деловни резултати на Групацијата Триглав последните години произлегуваат од одличниот технички резултат од неживотните осигурувања на домашниот пазар и здравите приноси од нивните инвестиции. Верува дека на работењето сеуште влијаат условите на ниски каматни стапки, состојбата во сегментот на осигурувањето на живот, моќната конкуренција и комплексните услови на пазарите во регионот каде е присутна Групацијата. Агенцијата ја потенцира предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува дека Триглав располага со добра и разновидна деловна структура, како од продуктна, така и од географска гледна точка.  При тоа, наведува дека Триглав на пазарите надвор од Словенија го подобрува своето работење врз основа на зголемување на обемот и активното барање дополнителни, поекономични продажни канали.

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест при потврдувањето на високата кредитна оценка за подружницата Позаваровалница Тригав Ре ја истакна нејзината стратешки важна улога како реосигурувач на сите компании на Групацијата Трилгав.

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Уника укинува 600 работни места до крајот на 2022 година

Објавено

на

Осигурителната група „Уника” планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти австриската осигурителна компанија. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со долготрајна стратегија за подигнување на свеста за грижата на машкото здравје

Објавено

на

Разговорот за машкото здравје често се занемарува во дискусиите за јавно здравје. Сепак, негрижата за здравјето на мажите може да им предизвика значителна болка и страв при првата посета во медицинска установа. Занемарувањето на здравјето на мажите не само што е неефикасно туку и носи намалување на квалитетот на животот, предизвикува страдања, па доведува и до предвремени смртни случаи. Најновите истражувања на фондацијата за рак на простата (www.pcf.org) велат дека кај едно од девет лица ќе биде дијагностицирано рак на простата.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно