Connect with us

Останато

АмЧам ја одбележа 20-годишнината од своето постоење

Објавено

на

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) на 6-ти октомври, го организираше 20-тото по ред генерално собрание на кое учествуваа Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, нејзината Екселенција Кејти Мери Брнс, членовите на одборот на директори, повеќе од 70 компании-членки на комората, како и почитувани партнери и поддржувачи. Собранието, покрај својот работен дел, вклучуваше и одбележување на 20-годишнината од постоењето на АмЧам, а воедно и признание за значајните успеси во текот на изминатите години.

Во рамките на настанот, беа избрани новите членови на одборот на директори на АмЧам: Маја Филипчева – директор за даноци во Грант Тортон; Никола Љушев – главен и извршен директор на Македонски Телеком; Ламбро Патче – Менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, Кока-Кола и Хајнекен; Иван Новаковски – директор на НОВА Интернационално училиште и Јордан Димитровски – сопственик и генерален директор на Аитоникс.

Главниот гостин-говорник на настанот, Амбасадорката на САД, во своето обраќање се осврна на релациите помеѓу САД и Република Северна Македонија и притоа изјави: „Денес го славиме успехот на АмЧам. Оддаваме признание за вашата посветеност во поттикнувањето партнерство помеѓу нашите две земји. Свесни сме дека поради вас и вашите напори, бизнис релациите, како и поврзувањето на луѓето помеѓу РСМ и САД, денес се многу подлабоки, пошироки и поцврсти”.

Претседателот на АмЧам, г. Љупчо Георгиев, во неговиот говор зборуваше за постигнувањата на АмЧам, предизвиците со кои се соочи комората поради кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, како и трансформацијата на организациските процеси со цел полесно справување со можните ризици: „Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 отвори врата за уште поголеми предизвици. Време во кое животот и бизнисот какви што ги познававме се претворија во една нова реалност – глобално, локално, без никакви исклучоци! Иако, сега можеби ни изгледа дека влијанието на пандемијата врз начинот на кој живееме и работиме е многу тешко и длабоко, сепак, сметам дека сега е моментот да размислуваме за раст и развој и како да бидеме посилни, подобри и приспособливи”.

Вториот дел од настанот беше посветен на 20-годишниот јубилеј во чија чест се одржа и панел дискусијата „Пред 20 години и сега” во која учествуваа двајца значајни панелисти, г. Кристијан Поленак, основач и претходен претседател на АмЧам и партнер во адвокатското друштво Поленак и г. Љупчо Георгиев, претседател на АмЧам и генерален менаџер на Мајкрософт во РСМ. Панелистите дадоа осврт на минатото, сегашноста и иднината на комората, споделувајќи историјат на значајни настани и постигнувања во текот на изминатите две децении. АмЧам изрази благодарност и почит кон компаниите-членки, основачите, поранешните претседатели и амбасадата на САД, за поддршката во растот и развојот низ годините.

Американската стопанска комора ќе продолжи да спроведува активности и ќе биде доследен партнер на своите компании-членки, стремејќи се кон уште поголем успех во годините кои следат.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно