Останато
АмЧам Северна Македонија и АмЧам Бугарија: Креирање на погодна средина за бизнисите ја зајакнува соработката помеѓу двете држави


Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американската Стопанска Комора во Бугарија потпишаа меморандум за соработка кој предвидува активности во насока на зајакнување на економската соработка меѓу двете земји. Во име на своите организации, документот го потпишаа Јелена Арсовска, извршен директор на АмЧам Северна Македонија и Петар Т. Иванов, извршен директор на АмЧам Бугарија.
Меморандумот за соработка кој се потпиша во Софија, предвидува дека двете организации ќе инвестираат знаење, труд и енергија за да ја промовираат трговската и инвестициската соработка меѓу бизнисите, ќе соработуваат во организирање на деловни тркалезни маси, спроведување на анализи и застапување за подобрување на инвестициската клима меѓу двете земји. Дополнително, двете американски стопански комори се согласија дека стручно ќе ги поддржуваат двете влади во нивните иницијативи поврзани со бизнисот и воведувањето на економските политики во насока на остварување на економската интеграција во регионот.
„Идејата е преку мапирање на идните бизнис и инвестициски можности и давањето поддршка во реализацијата на реалниот бизнис да им се донесе уште поголема економска перспектива на двете земји. Со создавање на средина погодна за бизнисот, ќе обезбедиме поддршка за двете економии и ќе го издигнеме нашето пријателство преку позитивни примери на соработка во реалниот сектор”, рече Јелена Арсовска, извршен директор на АмЧам Северна Македонија.
Нејзиниот колега од АмЧам Бугарија, Петар Т. Иванов надополни: „Ова не е само симболичен чин на потпишување на овој Меморандум. Тоа е печат на нашата волја тесно да соработуваме со нашите пријатели во Република Северна Македонија, преку искористување на нашето деловно искуство, врски и знаење, за да го дадеме својот удел за подобрување на економската перспектива на двете земји и на регионот”.
Покрај потпишување на меморандумот, за време на посетата на Софија, Драган Давитков, претседател на бордот на директори на АмЧам Северна Македонија, учествуваше на панел дискусија „Бизнис можности со Северна Македонија” организирана од Capital Executive Club, поддржана од АмЧам Бугарија. Фокусот на економскиот дел од панелот беше насочен кон промоција на инвестицискиот и бизнис потенцијал кој го има нашата држава, како и значењето на зајакнувањето на економските односи меѓу двете земји, како важен приоритет во идниот развој на односите помеѓу Европската Унија и Западен Балкан. Соработката помеѓу двете земји ја рефлектира и долгогодишната трговска размена со која Бугарија е позиционирана како втора најголема дестинација за извоз и увоз во и од Северна Македонија.
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје