Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Американските милијардери бараат да се воведе данок на имот за најбогатите!?

Објавено

на

Група од 19 американски милијардери, по иницијатива на Џорџ Сорос и ко-основачот на најпознатата социјална мрежа Фејсбук, Крис Хјуз, испратија заедничко писмо до претседателските кандидати за претстојните изборите во САД во 2020 година, во кое бараат да се воведе федерален данок на имот за најбогатите, за да се запре загрижувачкиот раст на нееднаквост меѓу американската популација.

Данокот ќе се однесува на 0,1% од најбогатите американци, а парите од овие извори ќе бидат искористени за инвестиции во секторите како што се обновливи извори на енергија, бесплатен дневен престој за сите деца, отпишување на студентски кредити, обнова и реконструкција на инфраструктурата, како и даночни олеснувања за најсиромашните домаќинства.

“Америка има морална, етичка и економска одговорност повеќе да ги одданочува побогатите граѓани. Воведувањето на таков данок е во интерес на нашата држава”, истакнуваат иницијаторите. Според нивните проценки, одданочувањето на најбогатите Американци ќе придонесе федералниот буџет да се зголеми за дополнителни три милијарди долари во текот на следните десет години. Во својот предлог, тие наведуваат и дополнителни аргументи според кои оваа иницијатива за одданочување на најбогатите ужива поддршка од голем број граѓани на САД. Имено, 74% од гласачите ја поддржуваат таквата идеја, вклучувајќи 64% од симпатизерите на Републиканската партија.

Се поголемиот јаз помеѓу најбогатите и остатокот од населението во САД е потврден со неодамнешната студија на Централната банка на САД (FED). Во неа се наведува дека богатството на еден процент од најбогатите граѓани на САД пораснало за 21 трилион долари во текот на изминатите три децении. Од друга страна, имотот на посиромашното население на скалата на имот се стопило за 900 милијарди долари.

Според Националната канцеларија за економски истражувања, 0,1 процент од најбогатите Американци поседуваат речиси 20 проценти од вкупното богатство во САД, колку што поседуваат и 90% од вкупното население. Уште во 1970-тите години, најбогатиот слој на граѓани имал седум проценти од националното богатство.

Проблемот е во тоа што растечката нееднаквост не е само морално и социјално прашање, туку станува пречка за понатамшниот економски раст, за што неодамна предупредија Џејми Дајмон, првиот човек на една од најголемите американски банки JP Morgan, како и познатиот инвеститор Ворен Бафет.

Меѓутоа, потписниците најмногу инсистираат на концептот што го објави Демократскиот сенатор од Масачусетс, Елизабет Ворен. Таа предложи дека на имот вреден 50 милиони долари, како што се хартии од вредност, јахти, автомобили и уметнички дела, воведува данок со стапка од два проценти. Со дополнителен еден процент одданочување ќе се даночи, имот во вредност од повеќе од една милијарда долари. Елизабет Ворен пресметала дека нејзиниот предлог ќе вклучува 75.000 домаќинства, а за период од десет години би се собирале 2,75 трилиони долари.

Сличен предлог беше направен пред неколку дена од страна на демократот Берни Сандерс, но неговата цел е главно Вол Стрит. Сандерс даде идеја  државата да ги преземе долговите на студентите, коишто произлегуваат од кредити кои ги имаат подигнато 45 милиони Американци за финансирање на образованието на нивните деца. Долгот по основ на студентските кредити изнесува 1,6 милијарди долари, а на банките ќе им бидат отплатени  со одданочување на финансиските трансакции на берзата, наместо од личните примања на милијардерите.

Дали овој данок е вистинскиот за намалување на доходовната нееднаквост кај граѓаните, со оглед дека и во нашата држава беше воведен сличен ваков данок, но министерот кој го воведе остана без својата функција!?

Останато

Јубилејни кредити по повод 20 години Штедилница ФУЛМ

Објавено

на

Штедилница ФУЛМ прославува јубилеј – 20 години постоење, по тој повод своите постоечки и нови клиенти ги изненади со нова јубилејна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Отворени денови на ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

Објавено

на

Централниот регистар започнува со спроведување на акција – Отворени денови со граѓаните, започнувајќи од 16.09.2019 – понеделник. (more…)

Продолжи со читање

Останато

КХВ: Издадено одобрение на ЕУРОСИГ АД Скопје за четврта емисија на акции

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на ден 12.09.2019 година ја одржа 39-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange