Connect with us

Странски банки

Американските банки се во добра кондиција, но за жал европските не се!?

Објавено

на

Американскиот банкарски систем и американските банки се во добра состојба и покрај последиците кои ги носи пандемијата на вирусот Ковид-19, пишуваат аналитичарите на љубљанска „Ilirika”.

Големите американски банки, кои ќе ја поминат следната рунда на стрес-тестови со доволен капитал, ќе можат да продолжат со исплата и зголемување на дивидендата веќе на крајот на јуни, што значи крај на ограничувањата од пандемискиот период. За оние кои добро ќе го положат тестот, сите ограничувања за купување на акции ќе бидат отстранети. Американскиот банкарски систем е сè уште извор на моќ за САД, што не може да се каже за европскиот банкарски систем.

Пазарот исто така го разбира тоа, бидејќи вредноста на американските банки се проценува на 1,5 книговодствена вредност, а вредноста на европските банки на помалку од половина од книговодствената вредност. Причината за ова е ризикот од зголемување на лошите заеми заради малите и средни претпријатија, пренесува „Seebiz“.

За жал, ЕЦБ тука не стори ништо паметно, додека ФЕД ги охрабруваше комерцијалните банки да позајмуваат подолго време преку Програмата за заеми, покривајќи дури 95% од новите или постојните заеми на квалификувани работодавци, односно компании кои се соочуваат со коронакризата. Програмата вредеше 600 милијарди долари.

За жал, ништо ново, ЕЦБ повторно заостанува зад ФЕД, а европките банки каскаат зад американските!

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Џенет Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарскиот банкарски гигант UBS им овозможува на вработените хибриден начин на работа

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање


Популарно