Останато
Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид


Американските авиокомпании и туристичките агенции во средата побараа од Владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во Соединетите Американски Држави, со цел закрепнување на туристичкиот сектор.
„Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката на владата да ги укине ограничувањата кои повеќе не се оправдуваат со сегашните околности”, напишаа околу 30 професионални здруженија во писмо до координаторот за борба против Ковид-19 во Белата куќа, Џефри Зиентс.
Еден од потписниците, „Ерлајнс фор Америка”, лоби група што ги застапува компаниите како „American Airlines Group”, „Delta Airlines” и „United Airlines Group”, го објави писмото на својата веб-страница.
Трите компании неодамна предупредија дека Омикрон верзијата на новиот коронавирус, која е многу заразна, но помалку опасна, ќе го одложи закрепнувањето за еден до два месеци.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје