Connect with us

Странски банки

Американскиот Сенат одобри дополнителна помош од 484 милијарди американски долари

Објавено

на

Американскиот Сенат едногласно одобри 484 милијарди американски долари дополнителна помош за американските бизниси и болници во борбата против коронавирусот.

Според „Reuters“, Претставничкиот дом на САД се очекува да гласа за нацрт-законот во четврток. Доколку биде усвоен, тој ќе стане четврти американски закон како одговор на корона-кризата. Сите четири закони обезбедуваат вкупна помош од околу 3 трилиони долари во последниот месец за соочување со кризата во која загинаа повеќе од 43.000 Американци.

Претседателот на САД, Доналд Трамп го повика Конгресот брзо да ја одобри мерката со која во голема мерка се проширува финансирањето на кредитирањето на малите бизниси погодени од пандемијата, оставајќи дополнителна помош за државните и локалните власти за понатаму.

Предлог-законот, усвоен од Сенатот, вклучува 321 милијарди американски долари помош за програмата за кредитирање на малите бизниси, 60 милијарди долари за посебна програма за кредитирање при катастрофи, исто така, за малите бизниси, како и 75 милијарди долари за болниците и 25 милијарди долари за тестирање за национално тестирање од коронавирусот.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно