Connect with us

Странски банки

Американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase ќе плати казна за берзански манипулации

Објавено

на

Три американски регулатори во текот на вчерашниот ден истовремено објавија за постигнат договор со „JPMorgan Chase” за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари.

Банката беше под истрага за манипулации со берзански тргувања на скапоцени метали како златo, сребро, платина и паладиум.  

Во соопштение на Комисијата за трговија со стокови фјучерси (CFTC) се вели дека банката најмалку осум години, од 2008 до 2016 година, учествувала во незаконска манипулација со цените на скапоцените метали на главните берзи во Њујорк и Чикаго и на фјучерсните договори на Министерството за финансии, со тоа создавајќи „илјадници фиктивни набавки“ (spoof orders) за купување/продажба на споменатите активи. Овие зделки не се остварувале, но биле намерно регистрирани како такви за да се манипулира вештачки со цените на скапоцените метали. 

„Оваа практика (spoofing) е нелегална, едноставно и јасно”, изјави Хит Тарберт, раководител на SFTC. Се додава дека регулаторот ќе ги преземе потребните мерки за истрага и прогон на сите забранети активносто кои „го поткопуваат интегритетот на американската слободна трговија“.  

Оваа практика била посебно под лупа на регулаторите по светската финансиска криза во 2008 година, но американската банка продолжувала да прибегнува кон неа во сопствена корист. 

За запирање на истрагата во замена за исплата на високата казна соопштија и Комисијата за хартии од вредност и берзи и Министерството за правда на САД. 

Ова е најголемата парична казна што досега ќе биде платена за ваков вид на берзански манипулации. Во сумата се вклучени 311,7 милиони долари оштета (исто така најголема казна), 173 милиони долари како повраток во корист на државата на сѐ што било стекнато по незаконски пат и казна од 436,4 милиони по оснава граѓански тужби. 

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно