Connect with us

Странски банки

Американскиот банкарски гигант повторно ќе тргува со криптовалути

Објавено

на

Goldman Sachs” наскоро ќе воспостави трговско биро за криптовалути, пренесува „Reuters“.

Компанијата започна такво биро во 2018 година, но ова отворање се случи во време кога вредноста на биткоинот падна за 70%, што го намали интересот за тргување.

Сепак, од тогаш, инфраструктурата и популарноста на криптовалутите, како што е биткоинот, исто така се подобрија, што скоро достигна рекордна вредност. Се проценува дека институционалниот интерес за криптовалутите се зголемил за 470 проценти минатата година.

Бројни компании, како „Square”, „Tesla” или „MicroStrategy”, неодамна започнаа да купуваат популарни криптовалути со стотици милиони или милијарди долари, што укажува на потенцијалот за долгорочно тргување со криптовалути.

Новото биро ќе биде дел од одделот за глобален пазар на оваа американска банка, кој беше најголем и најпрофитабилен оддел минатата година, и најверојатно ќе се занимава со купување и продажба во име на клиенти, но нема самостојно да управува со тие средства, пренесува „Startit“.

Со оглед на деловната претпазливост на големите институции и инвеститори кон нови компании и идеи, потегот на „Goldman Sachs” е уште еден показател дека зголемувањето на вредноста на биткоинот не изгледа краткотрајна.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно