Connect with us

Странски банки

Американската економија и официјално е во рецесија

Објавено

на

Американската економија и официјално е во рецесија, соопшти Националното биро за економски истражувања (NBER), кое го означи крајот на најдолгата економска експанзија во историјата на САД, објави „Гласот на Америка” (VОА).

Според финансискиот портал „Market Watch“, Националното биро за економски истражувања (NBER) е приватна истражувачка група предводена од главните економисти во земјата и долго време се смета за официјален претставник за проценка кога започнуваат и завршуваат одредени деловни и еконмски циклуси.

Одборот на НБЕР објави дека рецесијата започна во февруари. Според широката дефиниција на ова биро, рецесијата е „пад на економската активност што трае повеќе од неколку месеци“.

„При одлучувањето дали да се прогласи рецесија, одборот го проценува степенот и времетраењето на падот на економската активност, како и дали падот се пријавува во различни сектори. Одборот препознава дека пандемијата и одговорот од областа на јавното здравје резултирале со пад кој има различна карактеристика“, велат од Националното биро за економски истражувања (NBER).

Организацијата наведува дека БДП во Америка се намалил за 4,8 проценти на годишна стапка во првите три месеци од годината, а невработеноста се зголемила од 3,5 проценти во февруари на 14,7% во април, за да падне на 13,3 проценти во мај.

Некои економисти предвидуваат дека сегашната рецесија ќе биде краткотрајна, па со зголемувањето на економското производство и работните места повторно ќе почнат да се отвораат.

Сепак, оптимизмот е намален од можното сценарио за враќање на коронавирусот односно таканаречениот втор бран. Ако тоа се случи, како што предвидуваат економистите, ќе бидат потребни повеќе од две години американската економија да се врати на нивото од пред Ковид-19.

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Џенет Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарскиот банкарски гигант UBS им овозможува на вработените хибриден начин на работа

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање


Популарно