Connect with us

Останато

Американската економија е во техничка рецесија

Објавено

на

Американската економија падна за 0,9 проценти во вториот квартал од годинава, забележувајќи пад во втор по ред квартал, што е силен сигнал за рецесија.

Американскиот реален бруто домашен производ (БДП) во периодот од април до крајот на јуни се намали со годишна стапка од 0,9 проценти, се вели во извештајот на Министерството за трговија во Вашингтон.

Во првиот квартал од 2022 година, најголемата светска економија се намали за 1,6% по годишна стапка.

Со неочекуваниот пад на БДП-то втор квартал по ред, најновите податоци сигнализираат дека американската економија е во техничка рецесија. Имено, економистите очекуваа раст на БДП од 0,5%.

Во извештајот на Министерството за трговија понатаму се забележува дека падот се јавува во контекст на континуирана инфлација, ниска невработеност, континуирани предизвици во синџирите на снабдување и зголемување на клучните каматни стапки.

Годишната стапка, која покрај САД, ја користат само Јапонија и Канада, ја покажува стапката со која БДП би опаѓал за една година (4 квартали) доколку падне во секој квартал со истата стапка со која паѓал во претходниот квартал во однос на претходните три месеци.

Во однос на првиот квартал, американскиот БДП падна во вториот квартал за 0,2 проценти, покажуваат првите проценки на Министерството.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно