Connect with us

Странски банки

Американската банка “Wells Fargo„ затвора работни места

Објавено

на

Четвртата по големина американска банка “Wells Fargo„ заклучно до 30 јуни годинава имала околу 264,5 илјади вработени, што значи дека намалувањето на работната сила од 10% претставува гаснење на над 26 илјади работни места. Овие отпуштања ќе се случуваат во период од 3 години и се во рамки на планот за реструктуирање.

Од банката соопштија дека најновото намалување на бројот на вработени, освен отпуштања ќе опфати и природен одлив на кадар. Вакви намалувања на работна сила би требало да и помогнат на финансиската институција да го оствари планираното намалување на трошоците за четири милијарди долари до 2020 година, во рамките на напорите да се поттикне раст на профитот и да се опорави од низа скандали.

Банката во август годинива отпушти 600 вработени во својот хипотекарен сектор кој се соочи со потешкотии при работењето.

 

 

 

Странски банки

ОТП банка ја презема бугарската подружница на Сосиете Женерал

Објавено

на

Врз основа на купопродажниот договор потпишан на 1 август 2018 година, реализирана е трансакција во која ДСК банка, членка на ОТП група се стекна со 99,74% удел во Сосиете Женерал Експресбанк, бугарската подружница на Сосиете Женерал групацијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Кина вбризга рекордни 83 милирди долари во банкарскиот систем

Објавено

на

Централната банка на Кина инјектираше 560 милијарди јуани (83 милијарди долари) во домашниот банкарски систем, што е рекорден износ вбризган во банкарството за еден ден, оценува каналот „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сметки за режиски трошоци во Србија ќе се плаќаат преку “СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА”

Објавено

на

Граѓаните на соседна Србија од март годинава ќе имаат можност да ги плаќаат тековните сметките преку систем за препознавање лице (face recognition), најави за Танјуг гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ.

Народната банка на Србија планира во првиот квартал од 2019 година да ја воведе оваа нова услуга, која е дел од решението за инстант плаќања, чија имплементација започна во октомври минатата година.

“Ќе биде можно преку скајп или визуелна идентификација на клиентот да се реализира плаќањето”, вели Гувернерката.

“Тоа ќе биде навистина револуционерна иновација како дополнување на инстант плаќањето. Иако сме подготвени со тимот да стартуваме веднаш, сепак ќе почекаме да помине евалуацијата за напредокот на Србија во поглед на спречување перење пари за да бидеме сигурни дека оваа нова услуга може да се пушти за користење”.

Конкретен датум кога граѓаните ќе имаат можност да започнат со користење на оваа услуга ќе се знае по состанокот на MANIVAL (Европски комитет за спречување перење пари и финансирање тероризам) кој ќе се одржи на 23. јануари.

На состанокот ќе се анализира напредокот на Србија во примената на сите правила поврзани со перење пари, а доколку ставот на оваа институција биде позитивен, плаќањето преку препознавање на лице може да биде пуштен во употреба веќе во февруари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange