НБРМ
Амбасадорот Силвестри: Важно е одржување на независноста на централната банка, како темелна институција за одржување на макроекономската и финансиската стабилност


На 15 јануари, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, кој минатиот ноември стапи на должност во нашата земја.
Неговата екселенција Силвестри истакна дека е многу важна улогата и независноста на централните банки, особено во вакви кризни времиња. Амбасадорот изрази задоволство од активностите и мерките коишто се преземени од страна на Народната банка во справувањето со економските последици од кризата и одржувањето на макроекономската стабилност. Исто така, амбасадорот Силвестри истакна дека ги цени напорите за одржување на прудентна монетарна и фискална политика заради состојбата на пандемија, а со цел да се обезбеди економска ревитализација во земјата во текот на 2021 година.
На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на мерките преземени за справување со предизвиците предизвикани од корона-кризата, како и макроекономските проекции на Народната банка според кои се предвидува економски раст од 3,9% и инфлација од околу 1,5% за 2021 година. Притоа, ја истакна важноста од соработката со меѓународните финансиски институции, како и со европските институции, за обезбедување соодветни извори на финансирање, структурни реформи коишто на среден рок ќе го зголемат потенцијалот на економијата, но и за натамошно градење на институционалните капацитети.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и италијанскиот амбасадор Силвестри изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката во иднина. Средбата претставуваше можност и за потврдување на италијанската поддршка кон европската ориентација на земјата, којашто треба да се поттикнува и преку соработка на сите полиња.
НБРМ
Твининг-проект: Народната банка постојано ги следи стандардите и практиките на Европската Унија во сферата на банкарската супервизија и регулатива


Народната банка е постојано посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија во сферата на банкарската супервизија. Ова е опфатено и со дел од проектните активности од твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија. (more…)
НБРМ
Советот на Народната банка привремено ја ограничи распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките


Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците, соопшти Народната банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје