Connect with us

Платежни картички

Амазон развива систем за плаќање со дланка

Објавено

на

Една од најмоќните светски корпорации, „Amazon” развива терминали за плаќање во продавниците за малопродажба преку кои наместо со платежна картичка или други начини на безготовинско плаќање, клиентите да можат да плаќаат со својата дланка.

The wall street journal” вели дека технолошкиот гигант веќе го нуди својот систем, кој ја поврзува дланката на корисникот со неговиот платен список, со кафеаните, рестораните за брза храна и другите постојани клиенти.

„Amazon”, исто така, наводно веќе соработува со „Visa” и преговара со „Mastercard” за тестирање на својата работа. Ниту една од наведените компании не одговорила на прашањата на новинарите за соработка со новиот систем за плаќање на „Amazon”.

New York Post“ минатата година објави дека „Amazon” тестира биометриски скенери за плаќање преку дланка на ПОС терминалите во своите канцеларии и планира да воведе сличен систем со неговите супермаркети Whole Foods во 2020 година.

Една од подружниците на „Amazon” во Индија исто така, кон крајот на минатата година поднесе барање за патентирање со кој би се идентификувале биометриските карактеристики на дланката, со што би се анализирале сите карактеристики на тој дел од телото, како што се брчките и вените.

Платежни картички

Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Објавено

на

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Компанијата Visa носи иновативни искуства за плаќање на Светското првенство во Катар 2022

Објавено

на

Додека светот го чека почетокот на Светското првенство во Катар 2022, компанијата Visa, Официјалниот партнер за технологија на плаќање на ФИФА, подготви мрежа за плаќања што ќе овозможи бесконтактни купувања низ сите официјални места, вклучително и осумте стадиони како и ФИФА Фан Фестивалот. Со повеќе од еден милион фанови кои се очекува да патуваат во Катар на турнирот, Visa инсталираше 5.300 бесконтактни терминали за плаќање на официјалните места на ФИФА, што го прави Светското првенство во Катар турнирот на ФИФА со најмногу исплати досега. Visa ќе проба и нови иновации за плаќање за да им овозможи на фановите лесен пристап до едноставни и безбедни дигитални начини на плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ново од Комерцијална банка – лимити за онлајн плаќање за уште поголема заштита на вашата картичка

Објавено

на

За максимално задоволство и сигурност при плаќање онлајн со картичка, Комерцијална банка им овозможи на своите клиенти лимити за онлајн трансакции. Со оваа корисна и практична услуга клиентите добиваат уште поголема безбедност и заштита од злоупотреба на нивната картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно