Connect with us

Осигурување

Ало, Триглав? – Нова автомобилска асистенција

Објавено

на

Иако возењето треба да биде уживање, во градските гужви знае да се појави мала нервоза. Во нервозна состојба можеме нагло да го завртиме воланот или да го забрзаме возилото над дозволената брзина. Надвор од градските средини можеме од умор да ги направиме истите покрети, со цел побрзо да дојдеме дома. 

И најискусните возачи може да се соочат со проблем на пат или во градски сообраќај. Тој проблем може да биде со возилото или да е сообраќајна несреќа (некогаш ние сме криви, некогаш другиот шофер). Затоа Триглав осигурување има специјален осигурителен пакет и се грижи и за вас и за вашето возило.

Триглав автомобилска асистенција нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во земјите од Европа, коишто спаѓаат во системот на зелена карта. Асистенцијата е наменета за сите видови на моторни возила и моторцикли .

Автомобилската асистенција е дополнителна услуга, чија валидност е поврзана со времетраењето на полисата за автоодговорност и за каско осигурувањето, поточно, со истекот на овие полиси завршува и важноста на Асистенцијата, но таа може да се склучи и да се поврзе со овие осигурувања во секое време.

Триглав автомобилска асистенција овозможува поддршка, којашто опфаќа услуги, значајни во моменти кога се соочуваме со проблеми во сообраќајот.

Грижа за возилото:

  • Помош дома и на пат
  • Помош во случај на проблем со клучевите од осигуреното возило
  • Извлекување на возилото
  • Влечење, или пренос на возилото
  • Достава на гориво
  • Организирање пренос на поправеното возило

Грижа за клиентот:

  • Превоз на клиентот
  • Заменско возило
  • Хотелско сместување
  • Заменски возач во странство
  • Помош во случај на смрт во странство
  • Посета на роднини на повредениот осигуреник во странство
  • Придружба на малолетен клиент

Во основа можете да бирате помеѓу три основни пакети на заштита.

За подетални информации обратете се во најблиската канцеларија на Триглав или проверете на следниот линк.

 

Осигурување

АД Осигурителна полиса вработува!

Објавено

на

Национална групација за осигурување АД Осигурителна Полиса АД Скопје, објавува оглас за работно место- Референт за ликвидација на штети. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк осигурување вработува!

Објавено

на

Сакате да работите во една од најдобрите осигурителни компании во Македонија? Поседувате вештини за продажба и сакате да постигнете повеќе?

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на крајот од третото тромесечие ја потврдува прогнозата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите девет месеци од оваа година Групацијата Триглав реализираше 69,9 милиони евра добивка пред оданочување, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Имајќи ги во вид предвидените можности до крајот на годината, ја потврдува прогнозата за планираниот годишен резултат. Во однос на истиот период од минатата година, во дејноста осигурување остварен е раст на премија на сите пазари и во сите сегменти на осигурување (неживотни, животни и здравствени осигурувања), а зголемен е и опсегот на средства на клиентите со кои се управува. Во 2018-та година Групацијата продолжува со спроведување на својата стратегија на раст и развој, со што се поврзани и активностите кои Групацијата ги превзеде оваа година. Надзорниот одбор на друштвото, на  Андреј Слапар, Претседател на Управата, му довери петогодишен мандат и ги потврди мандатите на членовите на Управата, Урош Иванц и Тадеј Чороли. Триглав Осигурување Скопје, членка на групацијата Триглав, третиот квартал оваа година го заврши со 11% повисока бруто полисирана премија (18,5 милиони евра) во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange