Connect with us

Компании

Алкалоид АД објавува оглас за надополнување на база на потенцијални кандидати

Објавено

на

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ…

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, внимателно проследете ја следната информација:

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили и/или искуства:

– Магистри по фармација – ВСС
– Доктори по општа медицина – ВСС
– Доктори по стоматологија – ВСС
– Хемиски инженери – ВСС
– Технолошки инженери – ВСС
– Машински инженери – ВСС
– Електротехнички инженери – ВСС
– Инженери по информатика – ВСС
– Графички дизајнери – ВСС
– Специјалисти за социјални/дигитални медиуми – ВСС
– Специјалисти во Човечки ресурси – ВСС
– Лабораториски биоинженери – ВС
– Фармацевтски техничари – ССС
– Хемиски техничари – ССС
– Медицински техничари – ССС
– Електротехничари – ССС
– Машински техничари – ССС
– ИТ техничари – ССС

Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:

– со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта career@alkaloid.com.mk со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати“;

– со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk

Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.

Огласот е валиден до 20.02.2018 година

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange