Connect with us

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

“Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Стопанска банка а.д. Битола објавува дека Народна банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност на г-ѓа Александра Радевска за член на Надзорен одбор, именувана со Одлука на Собрание на Банката одржано на 13.3.2019 година”, се вели во соопштението.

Досега, Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола го сочинуваат:

  • Дејан Панделески
  • Иванчо Велјановски
  • Игор Камбовски
  • Миле Зечевиќ

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Мобилна апликација ХалкЕко

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во последниот квартал од 2019 година ја пушти во употреба новата мобилна апликација – ХалкЕко која има големо значење во однос на општествената одговорност на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка со известување за експозитура Скопје Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на Банката на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можат да ги користат заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе бидат достапни на истата локација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкоматот на ТТК Банка во градот Пробиштип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 23.1.2020 година, банкоматот на банката во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул.„Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно