Connect with us

Анализи

АКЦИЈА НА КЛИКНИ ЈАДИ И VISA: Уживајте во храна со бесплатна достава целото лето!

Објавено

на

Компанијата Кликни Јади, во соработка со меѓународната картична организација Visa започнаа партнерски проект за бесплатна достава на храна нарачана од платформата на Кликни Јади и платена со Visa картичка издадена од било која банка.

Во партнерство со Visa овозможуваме достава на храна без никакви дополнителни трошоци, поволност за нашите десетици илјади постојни корисници, како и за сите оние кои за првпат ќе нарачаат од најголемото онлајн мени во градот. Наидовме на одличен слух во компанијата Visa и среќни сме што заедно со нив лансираме една иницијатива која на свој начин ќе придонесе во справувањето со коронавирусот“, изјави Роберт Тодоровски, главен опереативен директор на Кликни Јади.

Акцијата важи од денес, 20 мај 2020 година и ќе трае во текот на целото лето, односно до 31 август 2020 година.

Кликни Јади е најголемата платформа за нарачка и достава на храна во Скопје, со над 40.000 корисници и партнерска мрежа од над 170 ресторани. Компанијата функционира во засилен состав во текот на целиот изминат период на вонредна состојба и полициски час, со цел да им овозможи на граѓаните брза, сигурна и бесконтакна достава на храна, а на ресторани, начин да продолжат да ги услужуваат своите клиенти.

Visa e водечка мрежа за процесирање на плаќања чии платежни картички се користат во повеќе од 200 држави и територии.

Како да изберете бесплатна достава со VISA картичка?

  1. Изберeте ОНЛАЈН плаќање
  2. Зачувајте ја VISA картичката во ситемот на HALKBANK преку Кликни Јади
  3. Изберете ја зачуваната VISA картичка
  4. Кликнете нарачај

Вашата достава ќе биде бесплатна, а нема да платите ниту дополнителна провизија за онлајн плаќање. 

Никогаш не било полесно!

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно