Connect with us

Компании

Акционерите се кренаа против директорите на Раде Кончар – Апаратна техника – бараат нов начин за исплата на дивиденда

Објавено

на

Акционери кои поседуваат над 10 проценти од вкупниот број со право на глас во сопственичката структура на фабриката Раде Кончар – Апаратна техника предлагаат нова одлука за исплата на повисока дивиденда. Во предлогот доставен до Oдборот на директори на фабриката се вели дека:

„Согласно член 390 став 5 од ЗТД, акционери кои заедно поседуваат 14,93 % од обичните акции со право на глас, што претставува повеќе од 5% од вкупниот број на запишани акции со право на глас, предлагаат нова Одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, по однос на точка 5 од работниот дел на дневниот ред на Собранието на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје закажано на ден 16.06.2021 година”, се вели во известувањето доставено до Македонска берза.

Во образложението овие акционери наведуваат дека согласно ревидираните финансиски извештаи за 2020 година компанијата има задоволителна финансиска соостојба.

„Компанијата е солветна, констатирано врз основа на параметрите дека компанијата располага со вишок износ на пари и парични еквиваленти во износ од 26.739.000 денари како и висок износ на финансиски средства расположливи за продажба во износ од 122.805.000 денари. Истовремено, согласно ревидираните финансиски извештаи за 2020 година може да се утврди дека компанијата нема никаква кредитна задолженост односно нема никакви краткорочни или долгорочни обврски за кредити”, објаснуваат акционерите.

Понатаму, тие потенцираат дека дополнително компанијата има побарувања за повеќе платени даноци во износ од 5.918.000 денари додека останатите тековни обврски изнесуваат 5.823.000 денари што дополнително ја прави поволна и солвентна финансиската состојба на компанијата односно повеќе побарува од нејзините доверители отколку што должи кон своите добавувачи. Акционерите што бараат усвојување на новиот предлог за исплата на повисока дивиденда обвинуваат дека сето ова се случува само со една цел.

„Истовремено и согласно ревидираните финансиски извештаи за 2020 година очигледно е дека компанијата вишокот од слободни парични средства и финансиски средства не го користи за нови инвестиции и вложувања во својата основна дејсност и своите придружени ентитети каде видно од финансиските извештаи има нето намалување на овие вложувања во 2020 година во однос на вложувањата во придружени ентитети кои биле во 2019 година. Напротив дава предлог одлука за откуп на сопствени акции со што вишокот на слободни средства ќе се излеат од компанијата и акционерите ќе останат покуси за делот кој им припаѓа. Ова се со цел, веќе инертниот Одбор на директори да си ја зацврсти својата и така многу трома позиција”, тврдат овие акционери.

Понатаму во објавата овие акционери потенцираат дека од ревидираните финансиски извештаи за 2020 финансиските средства расположливи за продажба во износ од 122.805.000 денари кои се состојат од акции во котирани компании се намалени во 2020 година во однос на 2019 година кога биле во износ од 126.796.000 денари што дополнително е причина дел од овие финансиски средства да се продадат и да се поделат на акционерите во форма на дивиденда.

„Дополнително сметаме дека со исплатата на повисоката дивиденда ќе се допринесе да се зголеми вредноста и ликвидноста на акциите на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје на Македонската берза што е секако во интерес на сите акционери.Затоа и поради сите горенаведени причини ги повикуваме останатите акционери на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје да го подржат нашиот предлог за исплата на повисока бруто дивиденда во износ од 380 денари по акција”, повикуваат овие акционери.

Компании

Телеком воведува тарифи со неограничен интернет за прв пат на пазарот

Објавено

на

Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Драматични загуби на некогаш најбогатиот Кинез

Објавено

на

Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите, а поради тоа драматично се топи богатството на некогаш најбогатиот Кинез Џек Ма. Милијардерот изгубил околу 30 милијарди долари во изминатата година и моментално тежи “само” 38,6 милијарди, наспроти максималното негово богатство од 66,6 милијарди долари кога акциите на неговата компанија „Alibaba“ на берзите беа едни од најскапите и најбараните. (more…)

Продолжи со читање



Популарно