Домашни банки
Акционерите нема да добијат ништо од профитот на УНИБанка вреден 4,1 милиони евра


Собранието на акционери на УНИБанка АД Скопје, на седницата одржана на ден 12.06.2020 година, ја донесоа Одлуката за распределување на утврдената добивка од Годишна сметка на Банката за 2019 година.
УНИБанка АД Скопје претходно го објави финансискиот резултат за претходната година, наведувајќи дека нето добивка изнесува 253.387.196 денари во 2019 година или околу 4,1 милиони евра.
Добивка по годишната сметка на УНИБанка АД Скопје за 2019 година изнесува:
- Данок на добивка – 24.856.434 денари
- Добивка по оданочување – 253.387.196 денари
Утврдената добивка по оданочување по Годишна сметка на УНИБанка АД Скопје за 2019 година, ќе биде распоредена на следниов начин:
- Законски резерви – 12.700.000 денари
- Вложувња во инвестиции – 5.000.000 денари
- Камата по перпетуална обврзница – 27.638.874 денари
- Останати резерви – 208.048.322 денари
Тоа значи дека Банката ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, но тоа претставува голем удар за акционерите на УНИБанка АД Скопје, кои оваа година нема да ја добијат заслужената дивиденда и покрај осварената добивка од 4,1 милиони евра.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии


Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)
Домашни банки
УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии


УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на јануарските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!