Connect with us

Домашни банки

Акционерите на ТТК Банка ќе добијат дивиденда на 3-ти мај

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 3.5.2022 година ќе врши исплата на дивидендата за 2021 година.

Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на ТТК Банка кои се евидентирани во акционерската книга на ден 19.4.2022 година.

Исплатата на дивидендата на правни лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во ТТК Банка. Во случај акционерот да не поседува сметка во ТТК Банка, исплатата се врши на сметка во друга банка, врз основа на доставен писмен допис од негова страна до Банката со инструкции на која сметка треба да се изврши уплатата на дивиденда.

Исплатата на дивидендата и плаќањето на персоналниот данок на физичките лица согласно Законот за данок на личен доход ќе се врши електронски преку системот на Е-ПДД на нивните сметки во ТТК Банка. Во случај акционерот да не поседува сметка во ТТК Банка, исплатата се врши на сметка во друга банка врз основа на пополнето Барање од негова страна со инструкции на која сметка треба да се изврши уплатата на дивиденда. Барањето треба да се достави до експозитурите на Банката или електронски до smetkovodstvo@ttk.com.mk. Барањето се наоѓа на шалтерите во експозитурите и на веб-страната на Банката.

Се повикуваат сите акционери физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетни лица или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

Согласно член 85 став 11 од Законот за данок на личен доход секој акционер до крајот на 2022 година ќе добие пресметка на данокот на доход од дивиденда исплатена во 2021 година.

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонските броеви (02) 3247 000 локал 448 или 449.

Барање за исплата дивиденда

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

Објавено

на

Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање


Популарно