Connect with us

Домашни банки

Акционерите на Стопанска Банка АД Скопје ќе добијат аванс за дивиденда

Објавено

на

Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 339 / 15.12.2016 година), Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 44-та седница оддржана на 12.12.2018 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на ревидираните Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за првото полугодие од 2018 година (С.О.бр. 373 / 12.12.2018 година), донесе Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметување и исплата на аванс на дивиденда за обични акции на СБ за првата половина на 2018 година (С.О. бр. 376 / 12.12.2018 година) и Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметување и исплата на аванс на дивиденда за приоритетни акции на СБ за првата половина на 2018 година (С.О. бр. 375 / 12.12.2018 година).

Врз основа на горенаведените одлуки, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши исплата на аванс на дивиденда за обичните акции за првата половина од 2018 година во бруто износ од  73 денари по акција и аванс на дивиденда за приоритетните акции за првата половина од 2018 година во бруто износ од 5 денари по акција.

Се известуваат акционерите на Стопанска банка АД – Скопје дека Банката ќе врши исплата на аванс на дивиденда за обичните и приоритетните акции за за првата половина од 2018 година врз основа на следниот дивиденден календар:

  • Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, е 26.12.2018 година.
  • Последен ден на тргување со право на дивиденда е 24.12.2018 година.
  • Прв ден на тргување без право на дивиденда е 25.12.2018 година.
  • Исплатата на дивиденда ќе започне од 27.12.2018 година.

Дивидендата ќе се исплати на имателите на обични и приоритетни акции на трансакциските сметки кои имателите ги имаат во Стопанска банка АД – Скопје.

Исплатата на дивиденда на акционери – физички лица: Со цел ефикасна исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични и приоритетни акции кои немаат трансакциска сметка во Стопанска банка АД – Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Стопанска банка АД – Скопје со цел отворање на трансакциска сметка. Оние акционери – физички лица, кои сакаат да им биде испатена дивиденда во друга банка, треба да дадат “Инструкција за пренос на дивиденда на сметка во друга банка” (најдоцна до пресекот на акционерската книга, 26.12.2018 година), во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Банката, со приложување на важечка легитимација и сметка од друга банка (“Инструкцијата” е достапна на веб страницата на Стопанска банка АД Скопје).

Исплатата на дивиденда на акционери – правни лица ќе се врши со пренос на средства на нивните сметки во Стопанска банка АД Скопје или во друга банка, со доставување на инструкции за исплата во друга банка од страна на правното лице.

Се повикуваат акционерите при подигање на дивидендата од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје со себе да носат валиден документ за лична идентификација.

Имајки во предвид дека исплатата на дивиденда на физички лица согласно Законот за персонален данок на доход подлежи на пресметка и плаќање на персонален данок на доход, кој пак  согласно важечката даночна регулатива, се плаќа преку е-ПДД системот на УЈП од страна на самото физичко лице, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат лично соодветни активности за нивно евидентирање во даночната евиденција на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на приход кој подлежи на оданочување од кој било вид во Република Македонија. 

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange