Connect with us

Форекс

Акциите пораснаа по претседателските избори во САД

Објавено

на

Цените на акциите на светските берзи минатата недела нагло пораснаа, неутрализирајќи ги сите загуби од претходната недела, бидејќи инвеститорите очекуваат нови економски стимулации по претседателските избори во САД.

На „Вол Стрит”, „Dow Jones” минатата недела порасна за 6,9 проценти, на 28.323 поени, додека „S&P 500″ порасна за 7,3 проценти на 3.509 поени, а индексот „Nasdaq” се зголеми за 9 проценти, на 11.895 поени.

Инвеститорите минатата недела се фокусираа на претседателските избори во САД, а цените на акциите нагло пораснаа, иако до крајот на работната недела сеуште беше нејасно кој ќе извојува победа на претседателските избори.

И покрај тензиите околу пребројувањето на гласовите, како и пораките на претседателот Доналд Трамп дека демократите се обидуваат да му ја украдат победата и заканите за тужби, берзанските индекси забележаа најголем неделен скок од април. Ова се припишува на надежта на инвеститорите дека републиканците ќе го задржат мнозинството на изборите за Сенатот, иако се очекуваше дека демократите ќе го освојат.

Затоа, Конгресот може да остане поделен меѓу двете партии, бидејќи демократите го имаат мнозинството во Претставничкиот дом.

Тоа значи дека ќе биде тешко да се направат големи промени во политиката во иднина.

Благодарение на тоа, се смирија стравувањата од значителни промени во политиката, на пример, дека новата влада во Белата куќа може да ги зголеми даночните стапки или да воведе построга регулатива во однос на големите технолошки компании.

Од друга страна, поделениот Конгрес значи и дека новиот пакет на фискална поддршка на економијата може да биде значително помала во споредба со можноста демократите да добиеа целосна контрола во парламентот.

Но, инвеститорите се надеваат дека доколку продолжи тензијата во Конгресот околу стимулативните мерки, американската централна банка ќе реагира и ќе ја зголеми ликвидноста на финансиските пазари, што дополнително би ја стимулирало берзата.

По дводневната седница, лидерите на ФЕД рекоа дека монетарната политика останува непроменета и повторија дека ќе направат се што е потребно за да го поддржат закрепнувањето на економијата од корона кризата.

„Се чини дека сè уште ќе имаме поделен Конгрес, така што најверојатно нема значителни промени во политиките на фискално ниво. И, ако имаме слично економско опкружување како порано, тогаш инвеститорите ќе треба да бараат заработка во овој кризен период во сектори што доведоа до пораст досега“, рече Дејвид Џој, стратег на „Ameriprise Financial“.

Благодарение на тоа, минатата недела технолошкиот сектор беше меѓу најголемите добитници, водечки оваа година според профитот. Индексот „S&P500″ на здравствениот сектор исто така нагло се зголеми, бидејќи е малку веројатно дека нешто ќе се промени во здравствената политика.

Така, берзанските индекси на најголемата берза во светот ги надоместија сите загуби од минатата недела, кога нагло паднаа поради стравот на инвеститорите дека немилосрдното ширење на коронавирусот во светот ќе го забави закрепнувањето на најголемите економии во светот.

И на европските берзи акциите ја зголемија вредноста во текот на минатата недела.

Лондонскиот индекс „FTSE” се зголеми за 6 проценти, на 5.910 поени, додека франкфуртскиот „DAX” скокна за 8 проценти, на 12.480 поени, а парискиот „CAC” 7,95 проценти, на 4.960 поени. На берзата во Токио, пак, индексот „Nikkei 225″ минатата недела порасна за 5,9 проценти, на 24.325 поени.

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно