Connect with us

Компании

Акциите на Facebook паднаа за 20%!

Објавено

на

Акциите на Facebook денес претрпеа сериозен удар откако од компанијата соопштија послаб раст од очекуваниот, на корисниците на првиот квартал на годината. Компанијата соопшти дека има раст на профитот од 31% за вториот квартал од 5,1 милијарди долари, а приходите пораснаа за 42% од 13,2 милијарди долари.

Акциите на Facebook паднаа за околу 7% веднаш по објавувањето на финансиската состојба на компанијата, по што падот се продлабочи на над 20%. Речиси 34 милиони акции на компанијата ги сменија сопствениците, што е далеку над просекот од 17 милиони акции дневно во последниот месец.

Facebook ќе изгуби над 100 милијарди долари од пазарната капитализација и ќе го избрише растот на цената на акциите од почетокот на годината. На крајот на тргувањето, акциите се тргуваа со пад на цената од 20% на 173,50 долари по акција.

Компании

Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

Објавено

на

Празниците се најдоброто време кога ја разбираме потребата за онлајн купување, затоа што гужвите низ продавниците се огромни. Дури и да го најдете тоа што ви треба за кратко време, сигурно ќе “заглавите„ на каса. Amazon е првиот бренд кој успеал да отвори продавница во која нема каси. Ваквиот концепт ќе станува се популарен во иднина.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Објавено

на

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања – IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Прогласени десетте добитници на престижното признание – Македонски квалитет 2018

Објавено

на

Во присуство на брojни гости, традиционално во рамки на манифестацијата Македонски Квалитет, беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange