Connect with us

Форекс

Акциите на ТТК Банка и Тетекс се вратија на прав пат, еврото со вредност од 61.6325 денари

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најмногу се тргуваше со акциите на текстилната компанија Тетекс АД Тетово, чија акција се нормализираше и забележа пораст на вредноста за 6,97 проценти, откако претходниот ден доживеја енормен пад од 9,92% поради објавата за престанокот со работа.

Сепак, по известувањето од компанијата дека се работи само за престанок на работа со непродуктивен погон, веднаш се врати и довербата на инвеститорите. Позитивната вест за најпознатата волнарска конфекција во државава во голема мера влијаеше и врз вредноста на акциите на ТТК Банка АД Скопје чијашто вредност се зголеми за 1,28%.

Пораст на својата вредност забележаа и акциите на Алкалоид АД Скопје за минимални 0,33%.

Покрај растот, имаше и компании кои забележаа пад на вредноста на акциите, а најпогодена од падот на вредноста на акциите беше УНИБанка АД Скопје, чиишто акции ја намалија својата вредност за високи 4,54%.

Најпогодена од падот на вредноста на акциите беше компанијата Македонијатурист АД Скопје, чија вредност на акциите забележа  пад од 1,81%. Пад на вредноста на акциите забележаа и Макпетрол АД Скопје, Гранит АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6325 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.4710 денари, британската фунта изнесува 73.3197 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.8981 денари.

Форекс

Македонска берза го продолжи бесплатното користење на „eTrader” за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО до крајот на годината, односно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Рекордно ниска вредност на турската лира поради конфликтот на Кавказ

Објавено

на

Турската лира во текот на вчерашниот ден падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, еврото и британската фунта, поради загриженоста дека Турција може да се вклучи во брзорастечкиот конфликт на Кавказ. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Новите измени на Правилата за котација на Македонска берза, тема на три работилници со котираните компании

Објавено

на

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно