Connect with us

Домашни банки

Акциите на НЛБ Банка се дивидендни и треба да се чуваат!

Објавено

на

Акциите на НЛБ Банка треба да се чуваат, бидејќи за период од една година може да достигнат ценовно ниво од 20.807 денари со што цената на акцијата би се зголемила за 15 проценти во споредба со сегашната цена којашто изнесува 18.100 денари, советуваат аналитичарите на „Wood and Company“, меѓународна компанија која се занимава со анализи наменети за инвестициски банки и управување iнвестициски фондови.

Анализата на „Wood and Company” за НЛБ Банка е трета по ред анализа за котирана акција на домашна компанија по анализите за „Комерцијална банка“ и за „Алкалоид“.

НЛБ Банка е една од трите најголеми банки во земјава, па аналитичарите на „Wood and Company” водени од позицијата на банката на локалниот пазар, сметаат дека одличната пазарна позиција може да и помогне на Банката да добие пазарен удел бидејќи може да ужива малку повисоки стапки на раст од пазарните.

Аналитичарите проектираат дека профитабилноста на НЛБ Банка ќе остане висока и дополнително ќе расте за над 12%, пред се поради квалитетното портфолио на средства, но и континуираниот раст на кредитното портфолио кое ќе биде основа за одлично деловно работење коешто со сигурност ќе генерира профит.

Во анализата се наведува дека и покрај негативните последици врз стопанството што ги создава влијанието на вирусот Ковид-19, НЛБ Банка заради позицијата на банкарскиот пазар и поради потенцијалот и капацитетот на банката на среден рок ќе стопанисува солидно.

Меѓу најзначајните оценки од анализата на аналитичарите се очекувањата банката идната година да додели солидна дивиденда на своите акционери. Со оглед на нејзината историја на дивиденда, НЛБ банка може да се смета како одлична инвестиција кога станува збор за дивиденда особено поради тоа што годинава беше донесена одлука да не се исплаќа дивиденда како превентивна мерка за заштита од негативните последици на коронавирусот. Целата НЛБ Групација не исплати дивиденда на своите акционери иако оствари одлична добивка претходната 2019 година.

Анализата за НЛБ Банка од консултантската компанија „Wood and Company” е на англиски јазик и може да се преземе бесплатно од специјално креираниот веб портал за овој проект на ЕБОР, на следниот линк.

Домашни банки

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

Објавено

на

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Популарно