Connect with us

Форекс

Акциите на Македонска берза повторно „поцрвенеа”, еврото со вредност од 61.6969 денари

Објавено

на

Кризата предизвиката на опасниот вирус Ковид-19 познат како коронавирус е се поголема со секој изминат ден. Огромни загуби се бележат во секој сфера на стопанството, а најреалната слика за оваа кризна вонредна состојба ни даваат светските берзи и движењето на акциите на компаниите.

Светските и европските берзи претрпуваат огромни штети, а на оваа криза не е имуна ниту Македонската берза. Иако, во петокот поголемиот дел од акциите забелжаа зголемување на вредноста, со што берзата покажа знаци на живот, во текот на вчерашниот последен ден за тргување на берзата, акциите повторно се вратија во црвената зона и загубија дел од својата вредност.

На последниот ден за тргување на Македонската берза немаше ниту една акција која забележа раст на својата вредност.

Најпогодени од кризата која ја предизвикува коронавирусот беа акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа голем пад од 5,00%. Драстичен пад на акциите забележаа и банкарските акции на Комерцијална банка АД Скопје (4,99%), Стопанска банка АД Скопје (4,97%), УНИБанка АД Скопје (4,96%), НЛБ Банка АД Скопје (4,81%) и на Стопанска банка АД Битола чиишто акции ја намалија вредноста за 4,16%.

Пад на вредноста на акциите забележаа и Гранит АД Скопје од 4,93% и Алкалоид АД Скопје од 4,41%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6969 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 57.2168 денари, британската фунта изнесува 66.3622 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.2596 денари.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно